Жена со прострелна рана е пронајдена мртва надвор од станот во кој живеела во Феникс, сојузната американска држава Аризона, која според очевидци и медиумите најверојатно е жрта на семејно насилство.
Убиецот потоа се забарикадирал во станот со бебе и 11-годишно дете, додека властите шест часа преговараа со него во надеж дека ќе ги спасат двете деца, објавија локалните медиуми.
Откако полицијата дознала дека бебето е мртво, тие распоредиле експлозив и се обиделе да влезат, по што напаѓачот почнал да пука.
Во престрелката еден полицаец е повреден и е транспортиран во болница во стабилна состојба. Вооружениот напаѓач е приведен.
Двете деца биле пронајдени мртви во станот. Останува нејасно кога тие биле убиени, иако полицијата не ја исклучува можноста сите три убиства да се извршени во понеделникот попладне.




