Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Асани: Го повикувам лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што ја распродаде „Славија“ на парче, да се пријави да ја купи и да ги преземе милионските долгови

0
By НОВА ТВ Balaban on December 20, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот Асани нагласи дека неговата прес-конференција има за цел да ги разобличи сите дезинформации, во име на вистината, и во име на она што е реалност и секако наспроти партиските манипулации.

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани, во Владата на Република Северна Македонија одржа прес-конференција како реакција на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ на која се изнесени повеќе невистини и неточни информации во врска со најавената продажба на акциите на АД „Славија“.

Директорот Асани нагласи дека неговата прес-конференција има за цел да ги разобличи сите дезинформации, во име на вистината, и во име на она што е реалност и секако наспроти партиските манипулации.

Во продолжение обраќањето на директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани:

На денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ се изнесени повеќе невистини и неточни информации во врска со најавената продажба на акциите на АД „Славија“.

Тука сум да ги разобличам сите дезинформации, во име на вистината, и во име на она што е реалност и секако наспроти партиските манипулации.

Затоа, ви ги презентираме фактите со кои јавноста ќе ја добие целосната и вистинска слика она што претходната власт остави од некогашниот гигант „Славија“ и за неопходноста за изнесување на акциите на продажба на берза што произлегува од законската обврска на која упатуваат и укажувањата на надворешната независна ревизија за работењето на компанијата.

Но да одиме со ред:

ВМРО-ДПМНЕ вели дека вредноста на компанијата изнесува над 20 милиони евра.

Тоа не е точно, а оваа бројка за вредноста на АД „Славија“ е од 2012 година кога токму тогашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја најави продажбата на компанијата на прес-конференцијата на тогашниот портпарол, на 23 ноември 2012 година.

Еве во рака ја имам таа прес-конференција од 2012 година, објавена на веб-страната на Владата (https://vlada.mk/node/5106).

Она што денес не го кажуваат од ВМРО-ДПМНЕ е дека вредноста на компанијата денеска е далеку помала заради фактот што во меѓувреме, во периодот од 2012 до 2017 година, имотот на АД „Славија“ е распродаван на парче и тајно, по цени далеку пониски од неговата вредност.

За да ја изведат на тој начин продажбата на АД „Славија“, наместо да ја понудат на продажба со акциите на берзата, имотот на АД „Славија“ е распродаван на парче, зад затворени врати.

На тој начин по за државата неповлни и ниски цени се распродавани десетици дуќани и најатрактивни локали, некогашни маркети на „Славија“, во Скопје и низ целата држава. Чисто за илустрација, голем дел од тие ексклузивни локации и дуќани денес се во сопствеништво на компанијата „Тинекс“, како и на други приватни компании.

Според тоа, цената на АД „Славија“ денес воопшто не е нешто над 20 милиони евра, како што рекоа на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, туку многу пониска, а причината е тоа што токму владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2012 до 2017 ја распродаде „Славија“ на парче.

Денеска имотот на АД „Славија“ се состои од имотот што го претставува управната зграда како и магацините и земјиштето во Кисела Вода. Но вредноста на акцијата ја дефинираат и долговите на претпријатието кои се бројат во милиони евра, а самата претходна влада во 2012 година пријавила долг за „Славија“ од дури 17 милиони евра. Сумарно, вредноста на „Славија“ денес е повеќекратно пониска поради тоа што беше распродавана на парче и остана без многу од својот имот и поради наследените долгови.

На овој начин е распродадено повеќе од 70% од имотот на АД „Славија“.

Што се однесува до акциите на АД „Славија“, нивната вредност произлегува од капиталот што стои зад нив, а тоа е имотот што го спомнав претходно. Порано акцијата на „Славија“ со целиот имот позади вредеше едно, а денес така распродадена и без капитал, цената на акцијата вреди многу помалку. Но, цената на акцијата не ја утврдува ниту Управата ниту самото претпријатие.

Дополнително од продажбата на АД „Славија“ ќе бидат подмирени долговите кон вработените и кон доверителите.

За крај би го повикал лидерот да се пријави да ја купи АД „Славија“ на претстојната продажба, вклучително со долговите на компанијата што ги направи токму неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.

 
Линк до соопштение на Влада од 2012 година
ВМРО-ДПМНЕ: „Владата на СДСМ ја продава АД Славија за 218.535 евра, која вреди над 20 милиони евра – криминал во најава“

Димче Арсовски, порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција  соопшти дека „Владата на СДСМ ја продава АД Славија за 218.535 евра, која вреди над 20 милиони евра – криминал во најава“.

– Се подготвува еден од најбруталните, најбесрамните и најбескурпулозните грабежи на државен имот, односно на Република Македонија по принципот на старата школа на СДСМ како од 90тите години кога беа приватизирани над 600тини фирми во Република Македонија кои што беа имот на државата.

Обезвредени државен имоти најпрво беа симнати буквално на 0 за потоа да може да дојде некој за багател да ги купи и да заработи милиони евра на грб на државата, изјави Арсовски.

АД „Славија“ ВМРО-ДПМНЕ лидерот прес конференција Фатон Асани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.