Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Асанж за РТ:Клинтон се финансира со исти пари како и исламската држава

0
By Нова ТВ on November 4, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 4, 2016 11:51

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж ја обвини канидатката на демократите за претседателските избори во САД Хилари Клинтон дека се финансира со исти пари како и исламската држава и смета дека на нејзиниот републикански противкандидат Доналд Трамп нема да му биде дозволено да победи.

Во интервју за Раша Тудеј, што ќе биде објавено в сабота, Асанж вели дека Клинтон ги замајува Американците кога станува збор за вистинската поддршка на американските сојузници од Блискиот исток за исламската држава.

Во имејлот од 2014 година што Викиликс го објави минатиот месец, Хилари Клинтон, која беше државна секретарка до 2013. Го повикува Џон Подеста, тогашен советник на Барак Обама, да изврши притисок на Катар и Саудиска Арабија „кои пружаат тајна финансиска и логистичка поддршка на исламската држава  на другите радикални сунитски групи“.

Според Асанж тоа докажува дека од секогаш постоела таква илузија дека одредени „отпаднички“ принцови ги трошат своите приходи од нафтата како сакаат, но дека владите тоа не го одобруваат.

-Меѓутоа во овој имејл стои дека Исламската држава ја финансираат владите на Саудиска Арабија и Катар, вели Асанж во интервјуто.

Тој уште истакнува дека во времето кога Клинтон била државна секретарка е постигнат најголемиот договор за оружје во светот и тоа со Саудиска Арабија вреден над 80 милијарди долари и дека во текот на нејзиниот мандат, вкупниот извор на оружје од САД е двојно зголемен во доларска противвредност.

Како последица на тоа, според него, озлогласената џихадистичка група е создадена во голема мерка со помош на парите од луѓето кои донираат во Фондацијата Клинтон.

Асанж во интервјуто за РТ ја отфрла можноста Трамп да победи на изборите на 8 ноември, што не мора да има никаква врска со неговиот рејтин кај гласачите.

-Според моите анализи, на Трамп веројатно нема д аму биде дозволено да победи. Зошто? Затоа што никој од естаблишментот не е на негова страна, освен можеби протестанитите, ако тие воопшто можат да се наречат естаблишмент, вели Асанж.

Тој истакнува дека сите, од банките, разузнавачките кругови, воените компании, странските пари, сите стојат зад Хилари Клинтон, исто како и медиумите, сопствениците на медиуми и новинарите.

Во делот од интервјуто што РТ го објави вчера, Асанж ги демантира тврдењата на Демократската партија и кандидатката на изборите Клинтон дека зад објавувањето на нејзините спорни мејлови стои руската Влада и вели дека во таборот на демократите постои хистерија дека Русија е одговорна за се.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.