Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АСО: Бројот на исплатени штети зголемен за 15 проценти, осигурениците наплатиле 31,5 милиони евра

0
By Sashko on November 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 3, 2021 11:05

Осигурителните компании исплатиле 35.163 штети за неживотно осигурување во првите шест месеци во оваа година, а осигурениците наплатиле 31,5 милиони евра, односно 20 отсто повеќе од лани. Најголем раст на број на исплатени штети има кај приватно здравствено осигурување и тоа за 68 отсто во однос на истиот период лани.

Според официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), бројот на наплатените штети за неживотно осигурување во првите шест месеци годинава е за 15 отсто поголем во однос на истиот период лани. Во првите шест месеци годинава 11 осигурителни компании за неживотно осигурување на осигуреници исплатиле вкупен износ на штети од 1,94 милијарди денари, односно 31,5 милиони евра. 

Најголем раст на бројот на исплатени штети во овој период е регистриран кај приватното здравствено осигурување – класа со највисок раст во периодот на здравствената пандемија предизвикана од вирусот ковид-19. Во периодот јануари – јуни годинава се исплатени 9.144 штети покриени со договори за осигурување и тоа е за 68 отсто поголем број исплатени штети во однос на истиот период лани. За првите шест месеци осигуреници од покритија за приватно здравствено осигурување наплатиле 92,6 милиони денари (1,5 милиони евра), информираат од АСО.

Кај осигурувањето на имот, најголема класа доброволно осигурување според вредноста на вложувањата во полиси, за шест месеци се исплатени 4.022 штети. Тоа е за три отсто повеќе од истиот период во претходната година. По основ на тие штети осигурениците наплатиле 292,1 милиони денари (4,75 милиони евра).

Кај најмасовната доброволна класа – осигурувањето од незгода за првите шест месеци се исплатени 3.573 оштетни побарувања и тоа на исто ниво во однос на лани. Вредноста која осигурителните друштва ја платиле на осигуреници изнесува 249,4 милиони денари (4,05 милиони евра).

По основ на каско осигурување за моторни возила реализирани се исплати за 3.661 штета или три отсто помалку од лани. За овие штети компаниите на осигурениците исплатиле 224,1 милиони денари (3,6 милиони евра).

Како што посочуават од АСО, очекувано најголем број исплатени штети има кај законски задолжителното  осигурување од автомобилска одговорност. Исплатени се 13.603 штети, односно за 19 отсто повеќе од истиот период во 2020 година. Вредноста на исплатените штети во оваа осигурителна класа за овој период изнесува 875,9 милиони денари (14,24 милиони евра).

АСО Исплата Македонија Осигуреници штети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.