Published: Tuesday, November 1, 2016 13:07
Вкупно 450.000 евра им се исплатени на семејствата од поплавените подрачја, но осигурителните компании располагаат со уште 500.000 евра дополнителни средства, бидејќи проценката на штетите се уште трае, соопшти денеска Агенцијата за супервизија на осигурувањето.
Според Агенцијата, од пријавените 860 штети, основа за надомест не е утврдена кај 257.
Директорот на Агенцијата Климе Попоски, меѓудругото соопшти дека годинава е исплатен највисокиот поединечен износ на штета во изминатава деценија, вкупно 6,7 милиони евра за хеликоптерот на МВР што се урна во 2014-та.




