Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АСОМ: Десет илјади лица ќе останат без работа, државата без 250 милиони евра

0
By Sashko on July 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 3, 2021 09:41

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) реагира во врска со измените на Законот за игри на среќа, со кои, меѓудругото, се предвидува дистанца од 500 метри на објектите од образовни институции, посочува дека таквиот предлог е практично неспроведлив на терен, бидејќи дистанцирање од една институција едноставно значи доближување до друга.

– Така, растојанието од 500 метри значи целосно затворање на сите објекти во кои се приредуваат игрите на среќа и гасење на цела една легална стопанска гранка, се наведува во соопштението на АСОМ.

Асоцијацијата оценува дека измените на Законот ќе доведат до затворање на игрите на среќа, негативни социјални ефекти и огромни загуби за државата.

– И натаму тврдиме дека целта на ваквиот предлог не е унапредување на индустријата, заштита на играчите или пак зголемување на приходите во буџетот. Ако приредувачите на игрите на среќа стават клуч на своите објекти, речиси 10.000 директно вработени во индустријата остануваат без работа, а државата останува без повеќе од 250 милиони евра кои по сите основи се слеваат во буџетската каса од игрите на среќа. Но, она што е уште поважно, наместо заштита на малолетници, државата свесно ќе отвори пат на нелегално обложување во импровизирани и скриени објекти, каде практично ќе нема никаква контрола врз играчите, се наведува во соопштението на АСОМ, во кое се пценува дека законот е целосно контрадикторен, економски неиздржан и правен без соодветни анализи за можните негативни импликации од негово усвојување.

Асоцијацијата посочува дека и покрај нејзините и бројните укажувања на другите приредувачи на игрите на среќа, испратените готови анализи и предлози за унапредување на индустријата и носење квалитетен закон со кој ќе се постигнат низа позитивни промени, предлог измените на Законот за игри на среќа со спорните 500 метри, Министерството за финасии ги достави до Собранието.

– Уште еднаш посочуваме дека овој закон за нас е неприфатлив и ние сме подготвени да ги искористиме сите расположиви средства да спречиме тој да се донесе. Државата мора да биде свесна дека ако усвои ваков скандалозен закон, на улица ќе излезат сите 10.000 вработени во индустријата, но и вработени во други стопански гранки кои директно зависат од нашата работа, се додава во соопштението на АСОМ.

АСОМ Закон за игри на среќа Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.