Астрономите побараа помош од јавноста да го одберат името на една помала планета во нашиот Сончев систем откриена во 2007 година.
Од откритието, џуџестата планета, која орбитира околу сонцето над Нептун, се нарекува (225088) 2007 OR10.
Сега научниците одлучија да и дадат име и за тоабараат од јавноста да помогне во изборот. Понудените имиња се: Гонггонг, Холe и Вили – и сите имаат своевидно значење
Името што ќе добие најмногу гласови, формално ќе и биде предложено на Меѓународната астрономска унија.
Гонггонг е кинески бог на водата со црвена коса и опашка како змија. Тој е познат по создавање хаос, предизвикувајќи поплави и свлечишта.
Холe е европска зимска божица на плодноста, одново раѓање и на жените, додека Вили е нордиско божество кое го поразило џинот од мраз Јумир и го употребил телото за да го создаде универзумот.
Научниците ги избрале имињата на овие божества поради поврзаноста со црвената боја и 12 години чекале да го изберат нејзиното име, бидејќи работеле на истражување на планетата.
2007 OR10, најголемото неименувано тело во нашиот соларен систем, кој орбитира во појасот Кујпери и се проценува дека има дијаметар од 1.275 километри, околу половина од големината на Плутон, друга исто така џуџеста планета.
Гласањето е на следниот линк и трае до 10 мај.




