Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Атентат во Брисел: 34 мртви и 136 лица ранети

0
By Светлана Јовановска on March 22, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 22, 2016 13:44

Билансот на бриселските терористички напади во овој момент изнесува 34 мртви и 136 лица ранети од кои некои многу тешко. Се очекува соопштение од властите кога ќе се утврди точниот биланс на жртвите.

Во 8.15 часот белгиското радио ја прекина програмата и јави дека имало две експлозии на бриселскиот аеродром Завентем. Според првите сведочења, едно лице викнало нешто на арапски и се слушнале експлозии и пукотници. Целиот авионски сообраќај беше прекинат а на аеродромот се создаде вистинска паника.

Три бомби биле употребени во двојната експлозија а подоцна белгиската агенција Белга јави дека е најдено оружје на аеродромот но нема официјална потврда за оваа вест. Експлозиите се случиле во близина на шалтерот на белгиската авио компанија а не во близина на американската како што претходни беше јавено.

Аеродромот беше евакуиран и затворен и не е познато кога повторно ќе се воспостави авио собраќајот.

Министерката за здравство Маги Де Блок информираше дека на аеродромот загинале 11 лица а 81 биле ранети од кои некои многу тешко. Сведочењата кои пристигнуваат велат дека некои ранети останале без нозе.

Еден час подоцна, во 9.11 минути две експлозии одекнаа на метро станицата Малбек во близина на ЕУ институциите. Експлозијата се случи во метро вагон кој стоел на станицата. Полицијата веднаш го затвори целото бриселско метро и околните улици беа евакуирани и затворени.

Според последните информации во метрото загинале најмалку 23 лица а 70 се ранети.

Два часа подоцна обвинителството потврди дека се работи за терористички самоубиствен напад но се уште нема информации за терористите.

Сведоците од метрото тврдат дека експлозијата била силна а на местото на настанот дојде специјалната полиција.

Премиерот Шарл Мишел на Твитер напиша дека приоритет е да им се даде нега на жртвите а подоцна побара од населението солидарност и внимание.
Според една поранешна изјава на министерот за внатрешни Јан Јамбон, кога една терористичка ќелија е разбиена, како што се случи по апсењето на Салах Абделслам во петокот, се активира друга.

Метрото е затворено исто како и целиот јавен транспорт, сите железнички станици, сите шопинг молови а евакуирана е и зградата на белгиската влада. Евакуирани се и сите централни улици во Брисел и властите бараат од населението на излегува во централните и европските делови на градот и да не ги напушта работните места ниту училиштата.

Европската комисија јави дека минува на портокалово ниво на тревога што значи дека пристап во ЕУ институциите имаат само вработените.

Мобилната мрежа е преоптерена а операторите препорачуваат да се користат смс пораки и интернет.

По бриселските експлозии, францускот аеродром Руаси и северната железничка станица на Париз воведе посебни безбедносни мерки. Францускиот претседател Франсиа Оланд, премиерот Мануел Валс и министрите за внатрешни и одбрана се на состанок.

Првата реакција дојде од првиот човек на ЕУ Доналд Туск кој испрати сочувство до семејствата на жртвите и ја понуди солидарност и помош на европските институции со Брисел.

Шефицата на европската дипломатија која е во посета на Јордан, на прес конференција со шефот на јорданската дипломатија не можеше да ги спречи солзите поради бриселскиот терористички напад во кој жртви се невини граѓани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.