Најмалку 12 лица беа убиени во вторник во атентат врз автобус на безбедносните служби на тунискиот претседател во центарот на главниот град Тунис.
Експлозијата се случи кон крајот на попладнето денес на една од главните сообраќајници на Тунис а портпаролот на претседателството изјави за медиумите дека станува збор за атентат.
Според информациите што доаѓаат од Тунис, експлозијата се случила внатре во автобусот кој е сосема изгорен.
“Најголемиот број агенти кои биле во автобусот се мртви”, изјави член на полицијата на местото на несреќата а се уште не се знае колку луѓе имало во возилото.
Се уште не е познато кој стои зад овој напад.
Тунискиот претседател воведе вонредна состојба во Тунис и полициски час во центарот на градот за период од 30 дена.
Во Тунис се случија повеќе терористички напади во текот на оваа година од кои еден во музејот Бардо во Тунис и еден во хотел во Сус на крајот на јуни. Во двата атентати загинаа 60 лица.




