Во вторникот наутро ЕУ испрати соопштение за Русија во кое се вели дека 28 лидери на ЕУ се согласиле дека Русија е одговорна за нападот на украинскиот град Мариупол кој беа убиени 30 лица. Истовремено соопштението бара да се превземе соодветна акција и можеби дополнителни санкции кон Русија.
Но, новата влада на Грција под раководство на Сириза одлучи да не се придружи кон овој заеднички став на ЕУ. Атина, исто така преку соопштение, изјави дека “ова соопштение е испратено без да се почитува потребната процедура за да се добие одобрение од сите земји членки и особено без да се обезбеди согласноста на Грција. Со оглед на тоа подвлекуваме дека Грција не дава согласност за ова соопштение”.
Се вели исто така дека новиот премиер Ципрас го изразил своето незадоволство во текот на телефонскиот разговор со шефицата на надворешната политика на ЕУ Федерика Могерини. Дипломатите велат дека Грција се обидела, во подготовката на соопштението, да го извади делот во кој Русија се обвинува за нападот на Мариупол. Истото се обиделе на го направат и Австрија, Унгарија и Словачка но во тоа не успеале.
Доколку ваквите несогласувања со Атина продолжат, ЕУ дипломатите велат дека соопштенијата отсега ќе се праќаат со забелешка дека се работи за став на 27 а не 28 земји членки.
Овие документи не носат законска обврска за земјите.
Ставот на Сириза за Русија не е нов за ЕУ. Ципрас ја посети Москва во мај 2014 година на средба со пратеници и за време на посетата изразил поддршка за референдумот на Крим за незвисност. Тој рекол дека “ЕУ си пука во нога” со санкциите за Русија и дека во владата во Киев има нео-нацисти. Пратениците на Сириза во Европскиот парламент речиси редовно гласаат против секој документ кој ја осудува Русија.




