Новак Ѓоковиќ ја забележа и втората победа во Доха. Србинот во два сета го совлада Хорасио Зебалос со 6:3, 6:4 и се пласира во четвртфинале на турнирот на кој ја брани титулата. Аргентинецот не успеа до сензација, но затоа успеа да направи селфи со вториот светски рекет и задоволен го напушти централниот терен.
„Ја имам најдобрата фотогарфија на денот. Новак е гение“, прокоментира Зебалос во таа прилика.
Ѓоковиќ истакна дека бил позитивно изненаден од барањето на Зебалос.
„Завршив со селфи по мечот. Ова беше прво искуство во кариерата. Хорасио секоја чест. Оригинално. Му честитам на играта без страв. Влегуваше во терен. одеше на секоја топка и не се повлекуваше на основната линија“, возврати Ѓоковиќ.
Нареден ривал на Ѓоковиќ ќе биде Радек Штепанек. Со победата над Де Греф со 6:3, 6:2, 38 годишниот чешки тенисер стана највозрасен учесник во четвртфинале на некој АТП турнир.
АТП Доха
Резултати, 2. коло
Ѓоковиќ (2., Србија) – Зебалос (Аргентина) 6:3, 6:4
Бердих (3., Чешка) – Весели (Чешка) 7:6, 1:6, 6:1
Штепанек (Чешка) – Де Греф (Белгија) 6:3, 6:2
Вердаско (Шпанија) – Гофан (4., Белгија) 6:1, 7:6
Алмагро (Шпанија) – Колшрајбер (7., Германија) 7:6, 7:6