Новак Ѓоковиќ е прв финалист на АТП турнирот во Доха од серијата 250. Србинот во полуфиналето го елиминира Фернандо Вердаско со 4:6, 7:6, 6:3 за што му требаа нешто помалку од два ипол часа. Вториот светски рекет направи брејк во петтиот гем од решавачкиот сет што експресно го потврди во наредниот на свој. На идентичен начин, со брејк, Ѓоковиќ го освои и деветтиот гем и се најави во големото финале во Катар.
Противник во мечот во кој ќе ја брани титулата ќе биде подобриот од второто полуфинале меѓу Енди Мареј и Томаж Бердих. Во случај на победа на Британецот, финалето во Доха ќе биде прва нивна пресметка во 2017 година.