Гаел Монфис се повлече од натамошно учество на АТП Мастерсот во Лондон, па ривалот на Новак Ѓоковиќ во утрешниот дуел од третото коло во групата Б ќе биде Белгиецот Давид Гофан, прва резерва на завршниот турнир. Французинот допатува во британската престолнина со повреда на ребрата, но, сепак, одигра два меча пришто загуби од Милош Раониќ во првото коло и од Доминик Тим во второто.
„Малку се влоши ситуацијата со повредата и не сум сигурен дали ќе играм против Ѓоковиќ“, најави Монфис по мечот од второто коло, а вечерва потврди дека дефинитивно се откажува.
Ѓоковиќ и Гофан досега имаат одиграно четири натпревари и сите четири ги доби српскиот тенисер. Единствениот во оваа година го одиграа во полуфиналето на Мастерсот во Мајами во кој, моментно, вториот светски рекет славеше со 7:6, 6:4. Петтата меѓусебна пресметка и утре попладне од 15 часот, Тим и Раониќ низ директен дуел во вечерниот термин (21 ч.) ќе решаваат за вториот патник во полуфиналето од групата Б.