Завршен Мастерс во Лондон: Чилиќ и Тим последни учесници

Хрватот и Австриецот го комплетираа списокот со учесници на турнирот на најдобрите осум тенисери во сезоната, Надал и Дел Потро неизвесни поради повреди. Настанот во „О2 арена“ што означува крај на тениската сезоната е закажан од 11 до 18 ноември

Мастерс во Шангај: Надал и Федерер се прошетаа до четврт-финале

Шпанскиот ас, моментно водечки на АТП листата, за 63 минути го „реши“ Фабио Фоњини со 6:3, 6:1 за 14 триумф во низа и нареден дуел против Бугаринот Григор Димитров. Швајцарецот, пак, остана 60 минути на централниот терен во Шангај колку што му требаа за елиминација на Александар Долгополов од Украина со 6:4, 6:2

Ѓоковиќ по призна поразот: Енди заслужено победи

Српскиот тенисер истакна дека доцна се „разбудил“ и загубил од најдобиот во светот во моментот. Во кусата ретроспектива не изрази жалење бидејќи во изминатите 12 месеци стигна до трофејот на Ролан Гарос, единствен гренслем што му фалеше

Нишикори не се виде: Ѓоковиќ експрес во финале

Вториот светски рекет го совлада јапонскиот тенисер со 6:1, 6:1 и закажа финале со Енди Мареј за утревечер во 19 часот. Од 16.30 часот ќе играат Континен/Пирс против Класен/Рам за трофејот на завршниот турнир во конкуренција на двојки

Се намачи против Раониќ, но успеа: Мареј прв финалист во Лондон

Британецот подобар од Канаѓанецот со црногорско потекло со 5:7, 7:6, 7:6 во меч што траеше три часа и 38 минути штое нов рекорд на завршните Мастерси во сезоната. Ѓоковиќ против Нишикори во второто полуфинале вечерва

АТП Мастерс: Чилиќ се одјави од Лондон со триумф над Нишикори

Хрватскиот тенисер го задржа Јапонецот непланирано долго на теренот во „О2 арена“ и на крајот го совлада со 3:6, 6:2, 6:3. Денеска на турнирот полуфинални мечеви - Мареј - Раониќ од 15 часот, Ѓоковиќ - Нишикори во 21 ч.

АТП Мастерс: Вавринка го откажа Чилиќ

Швајцарецот го совлада хрватскиот тенисер во два сета со тај-брејк и остана во игра за полуфинале на турнирот на осумте најдобри во сезоната. Сега му треба победа над Мареј, но и Чилиќ да освои сет или да слави против Нишикори