Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ацевски: Возачите да бидат одговорни, возењето во зимски услови не е авантура

0
By Marija Todorovska on January 22, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
Фото: usatoday.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 22, 2024 14:00

Директорот на Јавното претпријатие Македонија пат Костадин Ацевски во интервју за Студио на Слободен печат апелираше до сите возачи да се однесуваат одговрно на патиштата во зимски услови.

„Ние сите мора да сфатиме дека возењето во зимски услови не е авантура туку бара голема одговорност, претпазливост, големо почитување на пропишаните законски норми за користење на зимски гуми, користење на зимска опрема истата да не биде само за покажување пред полиција, туку кога ќе ни затреба во даден момент да се употреби. Треба да се почитуваат сите забрани за движење, посебно на специјални товарни возила, но за жал имаме многу несовесни возачи. Ние соработуваме со МВР, нашата ингеренција е во делот на давањето на забрани на движење на одредени категории возила на одредени патни правци а нивната надлежност е во делот на спроведување на тие забрани. Но за жал има многу несовесни возачи кои не ги почитуваат забраните, кои успеваат некако да се протнат и да направат проблеми. Изминатиов викенд имавме случај и покрај забраните на превојот Стража, да поминат голем број тешки товарни возила кои за среќа и со наша навремена интервенција не предизвикаа некоја пречка во сообраќајот“ посочи Ацевски.

Ацевски објасни дека работата на Македонија пат е комплескна и дека зимското одржување на патиштата е само еден сегмент од нејзината работа. 

„Самото одржување на патиштата, редовното, инвестиционото и зимско одржување на патиштата е многу комплексна тема и работењето на Македонија пат за одржување на регионални и магистрални патишта е една навистина комплескна задача и од аспект на целото функционирање и од апсект на условите во кои претпријатието работи долги години наназад и од аспект на недостаток на човечки ресурси, технички ресурси материјални средства и од аспект на сложеноста на задачите што ги извршува и од аспект на територијата и патната мрежа што ја покрива и која се зголемува. Но за жал тие теми не се отвораат или се отвораат мнгу ретко на научни стручни дебати“ порача Ацевски.

зимска опрема Македонија пат МВР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.