Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Autechre во Скопје: МКЦ, октомври 2026 – билетите од овој четврток

0
By Zoran Ivanov on December 2, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 2, 2025 17:15

ROTKO books&music го најавува гостувањето на легендарното британско електронско дуо Autechre, едни од најиновативните пионери на глобалната електронска сцена.

По повеќе од три децении влијание и редефинирање на електронската музика, Шон Бут и Роб Браун конечно ќе настапат во Скопје, во октомври 2026 година.

Билетите за овој редок и ексклузивен настан ќе бидат пуштени во продажба задутре, четврток 4-ти декември точно на пладне, 12:00.
Фановите кои сакаат ран пристап до фан-претпродажбата може да се регистрираат на: https://autechre.warp.net/register

По комплетно распродадената турнеја во 2025, Autechre ги очекува уште една екстремно активна концертна година со настапи во Јапонија во февруари и сет други датуми за низ Европа за септември и за октомври 2026 вклучително и нивниот досега најголем хедлајн концерт во Лондон.
Нивното најново издание е достапно на AE_STORE: https://autechre.warp.net.

Autechre со децении важат за појава од сенките во електронската музика – авангардни, технички брилијантни и бескомпромисно иновативни.

Од деби албумот „Incunabula“ (1993), преку култните „Tri Repetae“ (1995) и „LP5“ (1998), до грандиозните, алгоритамски генерирани композиции како „NTS Sessions“ (2018), нивниот звук постојано ги поместува границите на жанрот и инспирира генерации артисти.

Бут и Браун потекнуваат од Рочдејл, Манчестер, каде што во раните ’90-ти започнува нивниот експериментален пат со евтина аналогна опрема и визија што подоцна ќе го обликува она што медиумите го нарекоа IDM (Intelligent Dance Music).

Нивниот прв албум достигна висок пласман на британските indie-листи и отвори пат за нивната легендарна статусна позиција на полето на електронската музика.

Бидете подготвени – ова е музички настан што Скопје ретко го доживува, порачуваат организаторите од ROTKO books&music.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.