Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Министерот за финансии Фатмир Бесими смета дека најновиот извештај на Светска банка е објективен и претставува слика за сето она што се случуваше во македонската економија и она што се очекува во текот на годината. – Она што е важно е дека во главните забелешки се укажува на фактот дека мерките што беа преземени придонесоа за ублажување на ефектите од ковид-кризата. Важно е тоа што препораката е да се продолжи со таквите мерки за поддршка на економијата и во текот на 2021 година, изјави Бесими,. Во следниот период, како што истакна, ќе се продолжи во насока на закрепнување на економијата…
Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли по денешната средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски во Брисел, на Твитер објави дека повторил силната поддршка на Европарламентот за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. – Одлична средба со Стево Пендаровски. Ја повторив непоколебливата поддршката на Европскиот Парламент за процесот на пристапување на Северна Македонија. Клучно е да се отстранат пречки за преговорите да започнат. Испораката на вакцини од ЕУ и Австрија е одличен сигнал во пресрет на ова, напиша Сасоли на Твитер.
Светска банка излезе со охрабрувачки проекции за економските движења во земјава и според нивните пресметки годинава економијаата ќе забележи раст од 3,6 проценти, а за следната прогнозите се дека ќе биде достигнато нивото пред пандемијата. Според проценките на СБ јавниот долг расте но нема да надмине 65 отсто. Експертите советуваат Владата да продолжи финансиски да го поддржува стопанството и потенцираат сите идни активности да бидат навремени и точно насочени кон најпогодените за да нема импликации врз буџетскиот дефицит. На долгорочен план, пак, треба да се работи на фискалната одржливост, зајакнување на човечкиот капитал, градење силни институции и владеење на правото.…
Известувачот за Северна Македонија во Европскиот Парламент, Илхан Ќучук смета дека претседателот Стево Пендаровски може да се постави како гарант за конструктивноста во решавањето на спорот со Бугарија. Ќучук оцени дека и покрај повиците на највисоките челници на ЕУ да се даде зелено светло за старт на преговарачкиот процес со С.Македонија до крајот на јуни годинава сепак се поизвесно е дека во Бугарија ќе има нови парламентарни избори, што пак ќе значи повторно одложување на официјалниот почеток. – Не останува време за до крајот на португалското претседателство и треба да бидеме подготвени за тоа сценарио, во овој момент не ми…
Полицијата поднесе кривична пријава против Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес кој се појави како организатор на протестите во неделата. Надлежните велат дека на собирот не биле почитувани мерките за заштита од коронавирусот. „СВР-Скопје до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава по чл. 206 од КЗ против Т.П. (61) од Гевгелија, бидејќи на 25 април организирал протест пред објектите на Влада и Собрание на РСМ и не се почитувани мерките за заштита на населението од заразни болести“, се вели во соопштението. Протестот кој се одржа во неделата започна 11 часот со собир пред Владата, а потоа толпата се упати кон Собранието.…
Фирмите од областа на туризмот, угостителството, инвент-индустријата, приватните здравствени установи, трговците поединци и занаетчиите доколку вработат нови работници и ги зголемат приходите годинава ќе може да добијат грант средства до 15 илјади евра од новата бескаматна линија „Ковид 4“ која е дел од петтиот пакет мерки, а за која ќе може да се аплицира откако ќе биде објавен јавниот повик кон крајот на следниот месец. За мерката се одвоени вкупно 615 милиони денари или 10 милиони евра од Буџетот кои ќе се пласираат преку Развојната банка. Висината на поединечните кредити ќе изнесува од 3.000 до 30.000 евра. – Условите на…
– ВМРО-ДПМНЕ сериозно размислува да формира неколку пратенички групи и така да настапува во Собранието, наместо со една составена од 44 пратеници, најави партискиот лидер Христијан Мицкоски коментирајќи ги потезите на спикерот Талат Џафери, кои, според него, се дивеење во Собранието. Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на ваквото однесување на Џафери со сите демократски алатки што стојат на располагање. – Доколку ова продолжи, сериозно размислуваме за повеќе пратенички групи во парламентот и негово целосно блокирање. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите можности за да го спречи ова негово дивеење во парламентот под менторство на Зоран Заев“, рече Мицкоски. На…
Владата на денешната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување на ширењето на КОВИД-19. Со овие измени и дополнувања од утре, 28 април, забраната за движење на населението и на возила од јавен превоз на целата територија на државата, наместо од 20:00 ќе важи од 21:00 до 5:00 наредниот ден. Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, и вечерта меѓу 13 и 14 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.…
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска е во официјална посета на Брисел каде оствари средби со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел и со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли. На средбата со Борел, Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, истакнал дека во изминатиов период Северна Македонија покажа политичка зрелост и максимален фокус во остварувањето на нејзината европска перспектива. Нагласувајќи дека интеграцијата на Северна Македонија е во интерес на стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион, претседателот Пендаровски истакна дека е неопходно Европската Унија дополнително да…
И по четири години од насилниот упад во Законодавниот дом очигледно се уште во политичките кругови постои недоразбирање за она што се случуваше на 27 април 2017 година. И по крвавиот четврток пред четири години, кога во Собранието се случи најтешкиот инцидент во кој пратеници беа тепани од граѓани кои насилно влегоа, за некого се уште останува нејасно дали лицата со маски беа терористи или уставобранители. Дали мерките кои се изрекоа за дел од организаторите се претерани или соодветни. Ќе сносат ли одговорност нарачателите. Во месеците по 27 април се правеа обиди за помирување на политичките партии и страни, но…
Според последната информација од вчера, кинеските вакцини на 28 април треба да тргнат од Пекинг кон Истанбул, на 30-ти од Истанбул во Белград и оттука најверојатно или на 30-ти вечерта или на 1 мај со специјални камиони ладен ланец ќе пристигнат во Скопје, по што ќе ги сместиме во ладната соба во поликлиниата „Јане Сандански“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Филипче информира дека уште истиот или следниот ден, според веќе планираната дистрибуција и начинот на пријавување и бројката, ќе се дистрибуираат во сите пунктови за масовна вакцинација во државата, за да веќе од вторник, по празниците, истиот процес…
Повлекувањето на Законот за учебници не значи повлекување од намерата за електронски учебници, туку значи дополнително додавање на одредени елементи, рече денеска премиерот Зоран Заев во врска со повлекувањето на Законот за електронски учебници од собраниска процедура. Појасни дека до трето одделение се продолжува со стандардниот дел на учење, со печатени учебници и дека првпат оваа година, покрај со печатени учебници за четврто одделение, ќе се пуштат и електронски учебници. -Покрај печатените учебници, што четвртооделенците во државата ги имаат, ќе им пуштиме можност да имаат и електронски и дигитални учебници. Следната година ќе бидат четврто и петто. После таа ќе…