Author: Нова ТВ

Сите обиди да се бришат белезите низ кои е запаметен 27 април 2017 година како најмрачен ден во поновата македонска историја се залудни и се израз на апсурдната и бесмислена намера да се прикажат како патриотизам дивеењата низ храмот на демократијата. Опасни и антинародни се обидите тепањето и влечењето по подот пратеници претепани до бесознание и насилството врз новинарите да се прикажува како одбрана на Устав. Тој ден се обидоа да го погазат народот и да ја доведат државата на работ на граѓанска војна само за да ја одбранат политичката иднина на човекот кој потоа истите тие свои следбеници ги…

Read More

На почетокот на следната година се очекува закрепнување на македонската економија по историски најголемата рецесија од осамостојувањето и враќање на ниво како пред пандемијата. Проекциите на Светска банка се дека следната година растот ќе биде 3,5. Најновиот извештај на Светска банка за Западен Балкан, што денеска беше презентиран, покажува дека јавниот долг во земјава достигнал 60 проценти од БДП и се очекува тој да продолжи да расте, но со побавно темпо во однос на минатата година затоа што економијата е на пат кон закрепнување. Враќањето на патеката на одржливост ќе биде висок приоритет на земјата, а на среден рок изгледите…

Read More

Од 17,8 милиони евра, колку што тежи шестиот пакет на економски мерки, само за угостителството се предвидени 9,9 милиони евра и сметаме дека тоа е соодветен, праведен и правичен модел кој го избравме за да му помогнеме на туристичко угостителскиот сектор, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. – Моделот го засноваме на тоа што сите сме посеале. Ако во 2019 и 2020 година компаниите уживаа во неформалната економија, а денеска бараат помош од државата, за жал не можеме да одговориме. Но, сите кои соодветно постапувале и оперирале ќе добијат соодветна помош според моделот кој  го креиравме – компензација…

Read More

Четири години од крвавиот четврток, ден на едно мрачно сценарио во режија на тогашната режимска власт, кога беше организирана и спроведена акција со единствена цел – убиство, човечко, но и на надежта за иднина на државата. Сосема спротивно од нив, ние бевме подготвени да ги дадеме своите животи во одбрана на нашата цел – слободна, демократска држава, на сите граѓани, со можности еднакви за сите, со стабилни институции кои се во служба на граѓаните. Нека 27 април 2017 година остане како потсетник за секоја идна генерација, за политичкото насилство на една монструозна власт, за тоа каде сакаа да ја втурнат…

Read More

Премиерот Зоран Заев за време на посетата на фабрика во Бунарџик, пред медиумите ја коментираште одлуката за разрешување на Стојко Пауновски, и средбата со инспекторите од ДПИ утрово, јавува тв21. Тој рече дека ги чул ставовите на инспекторите, и дека ќе ги презентира на Влада, која ќе донесе конечен став околу негово разрешување. „Ги слушнав аргументите на инспекторите, нивните аргументи ќе ги презентираме на владата, и владата ќе донесе одлука за Пауновски. Јас ќе оставам Владата да одлучи. Да не излезе дека преку медиумите носиме одлука. Ќе ги кажам моите ставови, ставови на вработените во ДПИ, на Стојко Пауновски, ќе…

Read More

Поминаа 4 години. Некои работи околу 27 април свесно или потсвесно се обидував да ги заборавам. Ама во неделата, истите ликови, истите пејачи, истите црни маици, ме потсетија многу убаво. Се беше исто, истата сценографија. Да бев како нив, ќе им посакав да им се врати се исто. Да им се врати истото што го преживеавме ние. Да и нив се обидуваат да ги убијат 3 часа. И нив да се обидат да ги прободат со стапот со знамето од Вергина. И нив да ги повредат. И нивните деца тоа да го гледаат. И не да им се врати само…

Read More

Насилството беше последното прибежиште на режимот! Се обидоа, но не ја спречија слободата. Сите плативме цена, и како луѓе и како држава, но покажавме дека имаме сила и одлучност за пресврт! Четири години по крвавиот четврток во Собранието, сведочиме на шокантно сознание – иницијаторите на нападите не ја научиле лекцијата и бесрамно застанаа во одбрана на насилствата. Користеа насилство за да сочуваат власт, за да ја цементираат својата моќ, за да продолжат да владеат со страв и корупција. Сега одново го поддржуваат насилството со истите цели на ум: власт, моќ, неказнивост. Без разлика дали се само пиони на режисерот од…

Read More

Од Турците ќе се бара да останат главно дома за време на „целосна блокада“ на целата земја, почнувајќи од четврток и ќе трае до 17 мај за да се спречи напливот на инфекции и смртни случаи од корона вирусот, објави претседателот Таип Ердоган. Турција забележа 37.312 нови инфекции со Ковид-19 и 353 смртни случаи во последните 24 часа, покажаа податоците на Министерството за здравство, драстично намалување од средината на април, но сепак е четврти најголем број на случаи во светот и најлош по глава на жител меѓу најголемите нации. Објавувајќи ги новите мерки по состанокот на владата, Ердоган рече дека…

Read More

Министерството за образование и наука не се откажува од носењето на целосно нов закон за учебници со кој се воведуваат современи материјали за учење и се нуди можност за дигитализација. Ги повикуваме граѓаните и родителите да не подлегнуваат на грубите лаги и политички манипулации пласирани во јавност од страна на пратеници од опозицијата. Во интерес на објективно и вистинито информирање на јавноста по координација со Секретаријатот за европски прашања Законот е вратен за да се дополни само делот за усогласување со европските документи, како дел од процесот на усогласување на националното со европското законодавство. Законот денес е на дневен ред…

Read More

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој се сретна утрово со македонскиот претседател Стево Пендаровски, се огласи кусо преку Твитер по состанокот. -Ја истакнав поддршката за официално отворање на преговорите за членство и потребата Советот на ЕУ да се согласи за преговарачката рамка. Важно е Северна Македонија и Бугарија да изнајдат заеднички прифатливо решение, напиша Вархеји на Твитер по средбата со Пендаровски. Претседателот на Северна Македонија престојува во дводневна посета на Брисел каде што ќе има средби во ЕУ и во НАТО. Тој денеска се сретна со Вархеји како и со специјалниот претставник на ЕУ за западен Балкан, Мирослав Лајчак и…

Read More

Германската компанија „Гересхајмер“ денеска официјално ја отвори фабрика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 2 во Бунарџик за производство на специјализирани производи од медицинско стакло и пластика. Станува збор за инвестиција од областа на фармацевтската и здравствената индустрија во минимална вредност од 25 милиони евра во која треба да се вработат 400 лица. -Поради ковид кризата изгубивме само околу половина година. Ве уверувам дека во следните два до три месеци ќе имаме значајно производство тука, рече Оливер Бургел, потпретседател на „Гересхајмер“. Првиот инвестициски циклус на „Гересхајмер“ е петгодишен и започна во 2019 година, а се очекува да заврши до…

Read More

Групата на земји против корупцијата на Советот на Европа (ГРЕКО) за петтиот круг на евалуација упати 23 препораки до Северна Македонија, и во својот извештај објавен официјално денеска во Стразбур, заклучува дека земјата на задоволително ниво спроведе четири препораки содржани во Извештајот. Од преостанатите препораки, девет се делумно имплементирани и десет не се имплементирани, јави дописникот на МИА. Петтиот круг на евалуација на ГРЕКО се однесува на „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (лица на кои им се доверени највисоките извршни функции – ЛНИФ) и органите за спроведување на законот (ОСЗ). „Во однос на највисоките извршни…

Read More