Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Околу 900.000 ученици во белгиските училишта во кои наставата се изведува на француски јазик денеска ја започнаа новата учебна година, на уште на стартот ги дочека најва на синидикатите на наставниците за штрајк. Како што јави специјалниот извстувач на МИА од Брисел, наставата во франкофонскиот регион Валонија и во училиштата на француски јазик во Брисел, согласно образовните реформи, од оваа учебна година започнува една една недела порано од досега вообичаениот прв понеделник во септември, а ќе заврши една недела подоцна од досегашната пракса во последна седмица од јуни. За компензација за продолжената учебна година, учениците и наставниците ќе добијат дополнителни…
Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел на отворањето на Бледскиот стратешки форум кој оваа година е посветена на тематата „Солидарност за глобална сигурност“ соопште дека Европската Унија си постави за цел до 2030 година да се прошири со нови членки. Обраќајќи се на форумот на лидерите на земјите од Западен Балкан, Мишел истакна дека е време да се надминат сите меѓусоседски прашања и сите земји од регионот и ЕУ да се посветат на остварување на оваа цел – во 2030 мора да има ново проширување. „Идните земји-членки се во различни фази на нивниот пат кон ЕУ. Но, треба да се…
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска побара појаснување за скандалот со баварскиот вицепремиер, Хуберт Ајнвангер, кој, наводно, како средношколец, во доцните 80-ти години на минатиот век, дистрибуирал антисемитски леток, јави ДПА. -Без оглед на тоа кој го напишал и дистрибуирал летокот, тоа е навистина ужасно, нечовечко дело, изјави денеска во Берлин заменик портпаролот на владата, Волфганг Бухнер. „Од гледна точка на канцеларот, сето ова, исто така, мора сеопфатно и веднаш да се расчисти и потоа ќе мора да има политички последици, доколку се покаже дека е потребно“, додаде портпаролот, пренесен од германската агенција. Весникот Зидојче Цајтунг, цитирајќи сведоци, објави дека Ајвангер…
Песната „Денување“ на македонскиот автор Стефан Костоски ја доби наградата „Енхалон“, која се доделува на „Струшките вечери на поезија“ за најдобра песна од млад автор прочитана на фестивалот. Жири-комисијата во состав Стефан Марковски (претседател), Снежана Стојчевска и Виолета Танчева-Златева (членови), во своето образложение велат дека станува збор за песна со цврста структура. – Наградената песна се издвои по уникатниот творечки пристап, кој се состои во густо исткаени метафори со одреден степен на индиректност што сведочи за индивидуалната поетска рефлексија која не остава простор за излишни зборови. Метафорите се нагласуваат со градацијата, која се воспоставува на ниво на строфи и на…
Актуелните случувања во врска со процесот на евроинтеграција на земјава беа во фокусот на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на Блед каде двајцата учествуваат на Бледскиот стратешки форум. На средбата, на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, беше оценето дека европската интеграција е најдобриот механизам за напредок на државата што ќе овозможи стабилна економија, повисок животен стандард и повеќе инвестиции. Соговорниците разменија мислења околу процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, со што освен економски придобивки, ќе се обезбеди и стабилност и безбедност на Балканот. На средбата е потврдено…
Францускиот амбасадор во Нигер ќе остане во оваа земја и покрај притисокот од лидерите на неодамнешниот пуч, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон во говорот пред дипломатите на кој ја изложи визијата за новата француска надворешна политика/ Макрон, исто така, ја повтори својата поддршка за соборениот претседател на Нигер, Мохамед Базум, чија одлука да не поднесе оставка беше храбра, јавија британските медиуми. Воена хунта ја презеде власта во Нигер со воениот пуч изведен на 26 јули. Таа на 4 август соопшти дека ги раскинала воените договори со Франција, нејзиниот поранешен колонијален владетел. Хунтата ги смени амбасадорите на Нигер во САД,…
Грижата за пензионерите и нашите највозрасни граѓани е многу поширока од само еден сегмент. Подигањето на животниот стандард на пензионерите и создавање можност за поквалитетен живот е можно само доколку се создаваат повеќе можности во различни сфери на општественото живеење, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска на официјалното врачување на дозволата за социјална услуга – Дневен центар за престој на стари лица со активно стареење во Крива Паланка. Како Министерство за труд и социјална политика (МТСП), додаде, сме подеднакво посветени на сите сегменти и наша цел е да создадеме рамка за поголема социјализација, активен живот и…
Талибанците им забранија на жените да го посетуваат еден од најпопуларните национални паркови во Авганистан поради поплаки дека женските посетители не го носат правилно хиџабот. Илјадници луѓе го посетуваат националниот парк Банд-е-Амир секоја година, кого го красат пејсажи со сафирно сини езера и високи карпи во централната провинција Бамијан во земјата, пишува британскиот весник „Гардијан“. Забраната беше соопштена откако в.д. министерот за морални вредности се пожали дека жените кои го посетуваат паркот не го следат правилниот начин на носење хиџаб. „Жените не мора да одат во разгледување на градот“, рече Мохамед Калид Ханафи откако побара од безбедносните сили да почнат…
Владата на Република Албанија го промени проектот на патот Елбасан – Ќафасан, кој е дел од Коридорот 8, додавајќи изградба на уште еден тунел долг 3 километри. Министерката за инфраструктура и енергетика на Република Албанија Белинда Балуку изјавилa дека ова решение е постигнато по преговори меѓу владите на Албанија и Северна Македонија, односно одговорните министерства за инфраструктура. – Ова е важен дел од 8-тиот коридор, кој започнува од селото Лабинот (Елбасан) и продолжува во должина од 44 километри по пат со сите параметри на модерен автопат во однос на безбедносните услови и продолжува до кај Ќафасан. По интензивен разговор со…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека е убеден оти процесот за уставните измени во државава ќе заврши успешно во наредните недели и месеци. -Процесот е започнат, како што гледате целиот свет, и САД и ЕУ, ја поздравија одлуката да го започнеме процесот. Убеден дека овој процес ќе заврши успешно во наредните недели и месеци, изјави Османи за МИА при учеството на Бледскиот стратешки форум. Тој порача дека форумот е уште една платформа да се испрати порака дека мора да се направи посуштински исчекор за интеграцијата на Западане Балкан во ЕУ до 2030 година. -Ова е уште една платформа…
Изградба на нуклеарна централа, со моќност од 1500 мегавати, е договорот што Италија го постигна со Албанија со инвестиција од четири милијарди евра. -Веста ја пренесуваат италијанските медиуми кои ја изразуваат својата среќа што оваа нуклеарна централа ќе се гради во Албанија. Според нив, италијански компании кои ќе обезбедат вештини, компетентност и консултантски услуги се ENI (италијанска мултинационална енергетска компанија), ENEL (италијанска мултинационална компанија за дистрибуција на електрична енергија и гас), EDISON (една од најстарите италијански компании во областа на енергија и дистрибутер на природен гас), јави Ора њуз. Телевизијата наведува дека за реализација на ваква нуклеарна централа несомнено е…
Бугарската влада нема причина да го смени ставот кон Северна Македонија, а очекуваме да си ги исполни обврките кон Европската унија, вели бугарскиот премиер Николај Денков во интервју за „24 часа“. Прашан дали Бугарија ќе ја промени позицијата кон Северна Македонија Денков нагласи дека нема никаква причина за тоа иотиразговорите сега се меѓу Северна Македонија и ЕУ. – Категорично не и нема никаква причина да ја промениме позицијата. Со реализацијата на т.н француски предлог, како резултат на кој беше укинато ветото, разговорот, всушност, повеќе не е меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку помеѓу Северна Македонија и ЕУ. Тоа што се …