Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Постигнат е договор за изградба на нуклеарна централа во Албанија, јавуваат италијанските и албанските медиуми

0
By Ана Василевска on August 28, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 28, 2023 13:55

Изградба на нуклеарна централа, со моќност од 1500 мегавати, е договорот што Италија го постигна со Албанија со инвестиција од четири милијарди евра.

-Веста ја пренесуваат италијанските медиуми кои ја изразуваат својата среќа што оваа нуклеарна централа ќе се гради во Албанија. Според нив, италијански компании кои ќе обезбедат вештини, компетентност и консултантски услуги се ENI (италијанска мултинационална енергетска компанија), ENEL (италијанска мултинационална компанија за дистрибуција на електрична енергија и гас), EDISON (една од најстарите италијански компании во областа на енергија и дистрибутер на природен гас),  јави Ора њуз.

Телевизијата наведува дека за реализација на ваква нуклеарна централа несомнено е потребна долга работа, но веста предизвика доста политички дебати и додава дека министерот за инфраструктура и транспорт Матео Салвини побарал одржување референдум на кој народот ќе се изјасни дали е за или против нуклеарна енергија.

-Италијанските економски експерти наведуваат дека 3-те компании споменати погоре, односно ЕНИ, ЕНЕЛ и ЕДИСОН се единствените кои имаат корист од оваа инвестиција, додека за десетици други компании кои работат во секторот на обновливите извори на енергија ќе биде доста тешко, посочува Ора њуз.

Претходно албанските медиуми јавија дека италијанската премиерка Џорџиа Мелони, која, со семејството  во средината на овој месец беше на неколкудневен одмор во Валона, по покана на премиерот Еди Рама, имала неформална средба со на која разговарале за изградба на нуклеарна централа во Албанија, бидејќи „на Италија и е потребно снабдување со енергија“.

-Ова не е изненадувачка идеја зашто Албанија е земја блиска до Италија и земја во која може да се изгради нуклеарна централа без да има политичка и медиумска тензија и со фактот дека може да направи голема инвестиција во земја како Албанија, додадоа медиумите.

Случајно или не во исто време во Албанија „на неколкуденевен одмор“ беше и поранешниот британски премиер Тони Блер, инаку советник на Рама.

Албанија Еди Рама Изградба на нуклеарна централа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

ВЕСТИ July 29, 2026

Руската ФСБ тврди дека Телеграм не отстранил содржини што биле користени за координација на саботажи,…

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

July 26, 2026

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.