Author: Ана Василевска

Дваесет и второто издание на традиционалниот ОФФ-Фест ќе се одржи од денеска до 10 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалот годинава го сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2023 ќе го отвори импресивниот аудио-визуелен перформанс на славната португалска фадо пејачка ѕвезда МИЗИЈА. „Фасцинантната моќ на модерната естонска фолк кралица МАРИ КАЛКУН, во комбинација со раскошната интерпретација на македонската традиционална песна од страна на единствената ЗАРИНА ПРВАСЕВДА и нејзиниот состав, создаваат услови за беспрекорно фестивалско доживување. Оригиналниот микс од пустинскиот гитарски блуз и транс ритмите на италијанската Таранта на волшебниот тандем ЏАСТИН АДАМС И МАУРО…

Read More

Пишува: Ана Василевска Со поништувањето на мандатот на в.д директорот на Младинскиот културен центар Никола Алексов, со пресудата на Управен суд практично се поништуваат сите одлуки и решенија кои ги донел од моментот на неговото назначување. Тоа значи дека од 14 јануари до сега, МКЦ нема директор, реагираат од програмскиот колегиум на МКЦ. „Жалиме што се занемаруваат законските процедури, на кои од почетокот како колегиум се повикуваме. Докажавме дека сме во право. Сакаме отворен и транспарентен јавен конкурс за директор на институцијата согласно пропишаните законски услови за сите професионалци од културата. Градот постојано се крие и тврди дека законски се…

Read More

Во населбата Котеж во Панчево ноќеска околу полноќ, 50-годишен маж ги убил сопругата и деветгодишното дете, а потоа се самоубил, јави дописникот на МИА од Белград. Од Основното јавно обвинителство во Панчево го потврдија настанот. Постои сомневање дека таткото (51) со остар предмет, највероватно нож, ги убил сопругата (50) и детето (9), по што се самоубил. Станува збор за руски државјани. Семејството се преселило во Панчево во август минатата година и имале соодветни дозволи за престој и визи. – Нивни пријатели, исто така руски државјани, пријавиле во полиција дека не им се јавуваат, по што полицијата и пожарникарите насилно влегле…

Read More

Добитниците на главната награда „Златна трига“ на претходното издание на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор, Филип Јовановски и Ивана Васева, годинава се кураторски тим на изложбата „Градот како сцена“ на Националниот павилјон на Република Северна Македонија на квадриеналето, кое ќе се одржува од 8 до18 јуни 2023 во Прага, Чешка. Преку делата на уметниците Алембик (Виктор Танасковски и Ива Дамјановски), Бесфорт Идризи, Викторија Илиоска и Анастасија Пандиловска, курирани во заедничката изложба „Градот како сцена“ овој проект го користи градот како текст за препрочитување на историските настани преку евоцирање на (тектонските) поместувања, судири и (само)експлоатации во контраст на локалните…

Read More

Во земјава недостигаат 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат се просечно стари по 27 години. Слично е и кај амбулантните возила кои ги имаме 263, просечно стари по 12 години, а само 30 од новонабавените вакви возила се нови, додека другите се купени „на старо“. Ова се резултатите од најновите истражувања и бази на податоци на сите амбулантни возила и возила за противпожарна заштита, како и за бројот на пожарникари во сите 34 единици во земјава, објавени од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Резултатите од истражувањето покажале дека помалку од законски предвидениот минимален број пожарникари има во 16…

Read More

Во правна постапка што денеска треба да почне Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг ќе ја разгледа и сослуша тужбата на Украина против руската агресија во источна Украина. Украина поднесе тужба против Русија во 2017 година, долго пред актуелната војна, заради нејзината поддршка на проруските бунтовници во регионот на Донбас и заради угнетување на неруското население на Крим. Судењето денеска почнува во контекст на сеопфатната инвазија на Москва на Украина пред 16 месеци. Киев ја обвинува Русија дека ги поддржува сепаратистите во Донбас со оружје и пари, а со тоа ја прекршила Меѓународната конвенција за сузбивање на финансирањето на…

Read More

Пишува: Ана Василевска Никола Алексов, детектив по професија кој беше именуван за вршител на должноста директор на Младинскиот културен центар а чие нерегуларно поставување го утврди Управниот суд со пресудата на 28 април, е повторно именуван на 20 мај со решение од градоначалничката на Данела Арсовска. Како што тврдат извори на НоваТВ, членовите на Управниот одбор на МКЦ имајќи ја предвид пресудата, укажале и се противеле на одлуката за реименување на Алексов, но решението било потпишано од Арсовска и истото се држи во тајност. Како што стои во пресудата на Управниот суд „решението за именување вршител на должност број 08-616/…

Read More

Како дел од фестивалската програма на ФФФ,  денеска во Кинотеката во 18.15 часот ќе бидат прикажани првите четири епизоди од вкупно осум, што се дел од култниот серијал насловен како „(И)стории на филмот“ на Жан – Лик Годар. Овие проекции се посветени на фестивалски фокус кон филмскиот великан од Францускиот нов бран Жан-Лик Годар (1930-2022) од каде што е инспирирано и годинешното мото „Сè е филм, во множина“. „Својствено на човекот-филм Жан-Лик Годар секако не предлага хронолошка историја на кинематографијата, туку двојно истражување, патување низ историјата на двесеттиот век, низ земјата на сликите, но и истражувања на творештвото на самиот…

Read More

Центарот за истражување на предисторијата соопшти дека во тек  се истражувања на археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно во Пелагонија кои, како што наведува, даваат одлични резултати за едни од првите земјоделски заедници во Европа. Мултидисциплинарните истражувањата  вклучуваат археолошко ископување во јужниот дел на оваа голема неолитска населба, геомагнетно скенирање на северната периферија, како и археоботанички, археозоолошки и хронолошки анализи кои се одвиваат во лабораториски услови. „Годинашните ископувања во археолошката сонда го потврдуваат автентичниот карактер на оваа импресивна предисториска населба, во коja се откриени повеќе правоаголни и овални градби, ровови, структури, врвно изработена керамика и алатки од камен и коска. Некои…

Read More

Предлог-иницијативата за уставни измени изготвена од Работната група од Министерството за правда е испратена во Владата, која треба да ја разгледа на седница, а потоа и да ја достави до Собранието. Министерството за правда минатата недела работеше на номотехничко прочистување на предлогот, а тој беше преведен и на албански јазик. Владата по правило секој вторник одржува редовна седница, но засега нема информација дали предлог-иницијативата ќе се најде на дневен ред на утрешното заседание или ќе биде разгледана дополнително. Работната група на седница одржана пред десетина дена ја усвои Предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и…

Read More

Министерката за одбрана Славјанка Петровска е во неколкудневна посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе има бројни средби со високи претставници на американската администрација, вклучувајќи го и секретарот за одбрана Лојд Остин. Како што информира Министерството за одбрана, во видео изјава пред почетокот на агендата, министерката Петровска информираше за оваа средба, како и за останатите активности во САД, меѓу кои и посетата на Државниот универзитет на Северна Каролина и одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на партнерството помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт во Берлингтон. На средбата со американскиот секретар за одбрана Остин, посочи Петровска, ќе…

Read More

Фестивалската програма продолжува денеска од 18.30 часот во Кинотеката со проекцијата на филм од официјалната селекција  „Кралевите на светот“ (2022)  на режисерката Лаура Мора, со која по филмот ќе биде организирана Q&A он лајн сесија.  Киното „Мирно лето“ во Кинотеката на С. Македонија, вчеравечер беше претесно да ги собере гостите и посетителите на отворањето на 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал. Место повеќе се бараше за премиерната проекција на филмот „Некрстени денови“ на Иво Трајков, а со особено внимние беше проследен и музичкиот перформанс на Филип Букршлиев и Андреа Мирческа, емисари на новиот македонски бран на џез музика. За „Некрстени…

Read More