Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преполно на отворањето на ФФФ: Фабриката на филмски соништа продолжува вечерва со проекции на „Кралевите на светот“, и „Туки Буки“

0
By Ана Василевска on June 3, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 3, 2023 14:18

Фестивалската програма продолжува денеска од 18.30 часот во Кинотеката со проекцијата на филм од официјалната селекција  „Кралевите на светот“ (2022)  на режисерката Лаура Мора, со која по филмот ќе биде организирана Q&A он лајн сесија.

 Киното „Мирно лето“ во Кинотеката на С. Македонија, вчеравечер беше претесно да ги собере гостите и посетителите на отворањето на 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал. Место повеќе се бараше за премиерната проекција на филмот „Некрстени денови“ на Иво Трајков, а со особено внимние беше проследен и музичкиот перформанс на Филип Букршлиев и Андреа Мирческа, емисари на новиот македонски бран на џез музика.

За „Некрстени денови“ филм кој плени со раскошна визуелност и со апокалиптичката приказна сместена во предворјето на Втората светска војна, публиката имаше можност за исцрпна дискусија со режисерот Трајков кој специјално за оваа пригода допатува од Чешка.

Од името на организаторот на Фестивалот, Филозофското друштво на Македонија поздравно обраќање имаше неговиот престедател, Љупчо Митковски. Тој потенцираше дека она што пред 13 години започна како иницијатива на неколкумина тогашни студенти на Институтот за филозофија коишто ги поврзуваше љубовта кон филмот и желбата да се има неформален простор да се дискутира и промислува за и околу филмот, низ годините се концептуализира и отелотвори во меѓународно препознатлив и автентичен Фестивал.

Љупчо Митковски
Љупчо Митковски

„Во светот постојат едвај неколку фестивали со ваков предзнак, повеќето веќе згаснати, но само нашиот, благодарејќи на тимот непоправливи ентузијасти успеа да се закотви и да етаблира консеквентна програмска рамка. Затоа, не само ние, туку чинам дека и целата македонска културна јавност имаме поткрепени разлози да бидеме горди на овој факт што укажува на уникалност“, истакна Митковски.

За овој единствен фестивал кој ја негува и промовира мисловната, филозофско-eстетичка димензија на седмата уметност директорката на ФФФ, Ана Дишлиеска Митова во фестивалскиот каталог ќе забележи:

„Во нашата годинешна „фабрика на соништа“, како што би рекол, Годар, се надеваме дека секој еден од вас ќе си најде некое мало и убаво филмско задоволство, малку поттик и инспирација, малку оддишка или (филозофско/човечка) рефлексија среде нашата изворна запрашаност  пред човечката состојба и дека секој еден филм, ќе биде еден искачен врв, еден отворен поглед и еден отсонуван (колективен) сон, уште една година заедно, во нашето омилено место, Кинтеката на С. Мекедонија“

Од вчерашното отварање на ФФФ
Од вчерашното отварање на ФФФ

Фестивалската програма продолжува денеска од 18.30 часот во Кинотеката со проекцијата на филм од официјалната селекција  „Кралевите на светот“ (2022)  на режисерката Лаура Мора, со која по филмот ќе биде организирана Q&A он лајн сесија.

 

Исто така од 21 часот во летното кино „Мирно лето“ во рамки на ревијалната програма ќе биде прикажан филмот од 1973 година „Туки Буки“ на „сенегалскиот Годар“, Џибраил Диоп Мамбети, а излагање за филмот и дискусија со присутната публика ќе има професорот Нил Кенеди.    

Утре, в недела, како дел од официјалната селекција од 18.30 часот е филмот „План 75“ (2022)  на Чие Хајакова. Од 21 часот пак во киното „Мирно лето“ како дел од ревијалната програма посветен на годинешниот фестивалски фокус кон Жан Лик Годар ќе биде прикажан „Во темнината на времето“. Потоа следуваат осум наслови од официјлната селекција на краткометражни филмови: „Сè по старо“, Лојд Ли Чои, „Над површината“, Јела Хаслер, „Ќебенцето“, Тепо Ајраксинен, „Бездомник“, Дајан Вејс, „За мене“, Али Асгари“, „Семка од авокадо“, Ари Зора“, „Второ лице“, Рита Барбоса, „Ноќна светлина“, Ким Торес.

 

 

Кинотека на РСМ филм Филозофски филмски фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.