Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колегиумот на МКЦ ја повикува Антикорупциска: Арсовска се крие од Законот, судот утврди дека директорот е незаконски поставен

0
By Ана Василевска on June 6, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Од протестот пред МКЦ, 22 јануари 2023
Од протестот пред МКЦ, 22 јануари 2023
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 6, 2023 13:21

Пишува: Ана Василевска

Со поништувањето на мандатот на в.д директорот на Младинскиот културен центар Никола Алексов, со пресудата на Управен суд практично се поништуваат сите одлуки и решенија кои ги донел од моментот на неговото назначување. Тоа значи дека од 14 јануари до сега, МКЦ нема директор, реагираат од програмскиот колегиум на МКЦ.

„Жалиме што се занемаруваат законските процедури, на кои од почетокот како колегиум се повикуваме. Докажавме дека сме во право. Сакаме отворен и транспарентен јавен конкурс за директор на институцијата согласно пропишаните законски услови за сите професионалци од културата. Градот постојано се крие и тврди дека законски се работи кога тие, најфлагрантно го кршат законот по утврдена судска пресуда. Конечно нека се одважат и надлежните институции: Министерството за култура, Трудовиот инспекторат, Антикорупциска и најважно: советниците од сите пратенички групи од Советот на Градот за случувањата , за кои се известени и по писмен пат. Некој мора да даде одговор и решение.“, велат за НоваТВ членовите на колегиумот кои првдата ја побараа и ја добија во судската постапка против легитимноста на изборот на директорот Алексов.

Инаку, како што вчера објави НоваТВ Никола Алексов, детектив по професија беше именуван за вршител на должноста директор на Младинскиот културен центар на 17 јануари а неговото нерегуларно поставување го утврди Управниот суд со пресудата на 28 април.

Но оваа законска одлука не е земена во предвид , и Алексов е повторно именуван на 20 мај со решение од градоначалничката на Данела Арсовска.

Извори на НоваТВ велат дека  членовите на Управниот одбор на МКЦ имајќи ја во предвид пресудата, укажале и се противеле на одлуката за реименување на Алексов, но решението било потпишано од Арсовска и истото се држи во тајност.

Како што стои во пресудата на Управниот суд „решението за именување вршител на должност број 08-616/ 1 на 17.01. 2023 година на Градоначалникот на Град Скопје, СЕ ПОНИШТУВА“

Понатаму во образложението на судот јасно е потенцирана незаконитоста на постапката за избор на Алексов.

„Оценувајќи ја законитоста на оспореното Решение, Судот најде дека истото е незаконито поради правилата на постапката, односно од причина што истото содржи такви суштествени недостатоци, што ја спречуваат оценката на законитоста на истото.“, пишува во образложението на пресудата.

Прашината која се крена околу самоволието на Арсовска и назначувањето на несоодветен кадар на местото на директор на МКЦ, почна од денот на неговото назначување. Тогаш, Арсовска обвини за наводни нерегуларности во работата на институцијата.

По овие обвинувања, програмските уредници на Младинскиот културен центар, излегоа на прес конференција, и побараа да престане мобингот и заканите кон вработените, и доколку има нерегуларности тие да се докажуваат по законски и правен пат. Тие беа децидни дека поставувањето на директорот кој е професионален детектив, е политизација и партизација на институцијата и бараат да се отвори фер и регуларен конкурс за избор на квалификуван директор на МКЦ.

Градоначалничката Арсовска и надлежните институции останаа глуви и на масовните мирни протести пред МКЦ организирани по повод незаконскиот избот на Алексов.

И на најгласното спротиставување кон поставување на несоодветен кадар на директорското место, Арсовска се бранеше дека компетенции на директорот, споредбата со други работници во културата што немаат соодветното образование, дури и програмските уредници немаат соодветно образование, зошто директорот да биде дискриминиран – законот не вели дека треба да има соодветно образование.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.