Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФФФ: За прв пат на голем екран ќе биде прикажан култниот серијал „(И)стории на филмот“ на Жан -Лик Годар

0
By Ана Василевска on June 5, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 5, 2023 11:26

Како дел од фестивалската програма на ФФФ,  денеска во Кинотеката во 18.15 часот ќе бидат прикажани првите четири епизоди од вкупно осум, што се дел од култниот серијал насловен како „(И)стории на филмот“ на Жан – Лик Годар.

Овие проекции се посветени на фестивалски фокус кон филмскиот великан од Францускиот нов бран Жан-Лик Годар (1930-2022) од каде што е инспирирано и годинешното мото „Сè е филм, во множина“.

„Својствено на човекот-филм Жан-Лик Годар секако не предлага хронолошка историја на кинематографијата, туку двојно истражување, патување низ историјата на двесеттиот век, низ земјата на сликите, но и истражувања на творештвото на самиот Годар, автопортрет на режисерот. (И)стории на филмот е приказна за емоциите создадени од филмската уметност и приказна за осаменоста на творецот. Со извадоци од познати филмови, Годар ни покажува како филмот мора да се бори против фотографијата, телевизијата и литературата за да го репродуцира реалното. Приказните секогаш недовршени, а сепак страсни за, како што вели Годар да ги запалиме филмовите, да ги запалиме со внатрешен оган“. 

На програмата во летното кино „Мирно лето“, пак, вечерва од 21 часот ќе бидат прикажани седум филмови од официјалната селекција на краткометражни филмови: „Пред потоа“, Филип Бојароски, „Алба вулва“, Дорка Вермеш, „Те молам потруди се“, Даниел Соариш, „Тивкиот свиреж“, Ли Јинг тонг, „Лудило“, Бјанка Желештеи, „Гробишта на коњи“, Џјанг Шјао шјуен, „На тронот на Ксеркс“, Еви Калогиропулу. 

Програмата продолжува утре во Кинотеката од 17 часот кога ќе биде втората проекција на „Некрстени денови“ (2022) од Иво Трајков, овојпат во официјалната селекција на долгометражни филмови, а по него во 18.30 часот е „Последниот снег“ (2022) на Амирхосеин Асгари, чевртиот филм од официјалната селекција на долгометражни филмови.

Последниот филм за утрешната програма (вторник 6 јуни, 21 часот) е антологискиот филм од 1969 година „Голи во седло“ на Денис Хопер пред кој воведно излагање ќе има проф. д-р Елизабета Шелева.

Останатите четири епизоди од годаровите „(И)стории на филмот“ се на програмата в среда од 18.15 часот, а во 21 часот е прокецијата на „Станарот“, на Роман Полански, филм од 1976 година за кој излагање ќе има филмскиот критичар Златко Ѓелески.

Филозофскиот филмски фестивал ќе биде затворен во петок кога ќе бидат прогласени добитниците на „Златен був“ од стручното жири и од публиката.

Жирито за официјалната конкуренција на долгометражни филмови го сочинуваат: д-р Елизабета Шелева (професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ), д-р Луис Мартин Ариас (професор на Универзитетот во Ваљадолид, Шпанија) и д-р Нил Кенеди (професор на Тринити колеџот во Даблин, Ирска). За наградите во официјалната конкуренција на краткометражни филмови ќе одлучува жири во состав: Наташа Неделкова (визуелна уметница и истражувачка), Том Докал (филмски критичар, Луксембург) и Ана Јакимска (режисерка и сценаристка).

 

Филозофскиот филмски фестивал е еден од ретките филмски фестивали во светски рамки што продуктивно ги истражува плуриперспективните димензии на релацијата меѓу филозофијата и филмот.

 

Жан Лик Годар Кинотека на РСМ филм Филозофски филмски фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.