Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Наша главна грижа е и ќе остане ефикасната одбрана на нашите национални интереси, порача почесниот амбасадор Василис Каскарелис, откако и официјално ја презеде функцијата министер за надворешни работи во службената Влада на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во грчкото МНР, сега веќе, поранешниот шеф на дипломатијата Никос Дендиас му ја предаде должноста на Каскарелис и во кусото обраќање пред присутнитесе осврна на надворешната политика во изминатите четири години додека беше на функција. Дендиас рече дека работеле целосно посветени на меѓународното и морското право и секогаш имајќи го дијалогот како средство за решавање на разликите. Се осврна на потпишаните…
Собранието во рамки на денешното продолжение на 115-тата седница ги донесе измените и дополнувањата на петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. Со 60 гласа „за“ и 43 „против“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со 62 гласа „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, со 63 „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, со 62 „за“ и 44 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот…
Оливие Вандекастиле, белгискиот работник за хуманитарна помош, беше затворен во Техеран од февруари 2022 година, под широко оспорувани кривични пријави, е ослободен од затвор и во моментов се враќа во својата матична земја. Веста ја соопшти белгискиот премиер Александар Де Кро во соопштение за печатот објавено утрово. „Оливие Вандекастиле е на пат за Белгија. Ако се биде според планираното, вечерва ќе биде со нас. Конечно слободен“, напиша Де Кро. „Оливер помина 455 дена во затвор во Техеран. Во неподносливи услови. Невин“. Неговото враќање е „олеснување за неговото семејство, за неговите пријатели, за неговиот колега“, додаде Де Кро, подоцна твитна слика …
Тука сум за да се осигуриме дека САД праќаат навистина силна порака до нашите партнери и до вашите партнери во Собранието, пратениците, како и до луѓето во Северна Македонија. Ние ја поддржуваме вашата одлука да се приклучите кон ЕУ и ве повикуваме да ги преземате потребните чекори за да го овозможите ова проширување. Ако Северна Македонија тргне по друг пат, ако одлучи против овие уставни измени, тогаш ќе се тргне од патот кон ЕУ, а ќе биде и многу загрижувачки чекор за членките на НАТО, оние кои сакаме да ги браниме врз основа на нашите вредности. Ова го истакна сенаторот…
Севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и САД, состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и аспирациите на нашата земја за членство во Европската Унија, беа главни теми на денешната средба на претседателот на државата Стево Пендаровски со американскиот сенатор од редовите на Демократската партија, Крис Марфи. Претседателот Пендаровски истакна дека нашата држава придава особено значење во развојот на севкупната соработка со САД, во духот на стратешкото партнерство, како и во контекст на сојузништвото во НАТО. „На средбата претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката што САД ја даваат за европските аспирации на државите од…
Од 1 јули годинава граѓаните најверојатно повторно ќе имаат можност да користат евтина дневна тарифа на електричната енергија, најави денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. „Се прават последните анализи дали може да се врати евтината тарифа и таа најверојатно ќе биде вратена од 1 јули“, изјави Битиќи во гостувањето во „Утринската програма“ на телевизија Телма. Тој посочи дека висината на цената на струјата преку соодветни параметри ја определува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), која се очекува да ја донесе конечната одлука кон крајот на јуни. „Имаме месец и половина…
Претседателката на Работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот, Маргарита Цаца Николовска вели дека нивниот мандат апсолутно не е да се редефинира Уставот и дека на јавноста треба да и биде јасно оти нема никакво редефинирање на државата, на македонскиот идентитет и на она што значи Устав. Лиферувањето на невистини за работата на работната група, според Цаца Николовска, треба да се стопира и македонската јавноста да биде правилно информирана што прави или ќе прави работната група. „Нашиот мандат апсолутно не е да се редефинира Уставот. Тоа што одредени личности тоа сакаат да прикажат, не…
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Крушево ќе се обрати на свеченоста по повод започнувањето на манифестацијата „Град на културата“. Манифестацијата, која се одвива под мотото „Крушево – жив споменик на културата“, ќе почне во 17:00 часот со посета на галеријата „Никола Мартиноски“, како потсетник на доајенот на ликовната уметност кој изврши големо влијание за современиот развој на државата во 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Свечената програма, со наслов „Безвременска хармонија“, ќе почне во 18:30 часот пред споменикот „Македониум“, со концерт на евергрини на Камерниот оркестар од Битола, на кој ќе настапат македонските музички ѕвезди: Елена Ристеска,…
Истражувачите откриле дека меѓу 71.000 видови што ги анализирале – кои опфаќаат цицачи, птици, водоземци, влекачи и риби – 48% претрпуваат опаѓање на популацијата, додека 49% се стабилни и само 3% се во пораст. Новото истражување покажа дека „одржливиот демографски пад“ меѓу животинската популација е поалармантен отколку што се мислеше. Губењето на животонскиот свет е „еден од најалармантните синдроми на човечки влијанија“, се вели во новата студија објавена во „Биолошки прегледи“. Истражувачите откриле дека меѓу 71.000 видови што ги анализирале – кои опфаќаат цицачи, птици, водоземци, влекачи и риби – 48% претрпуваат опаѓање на популацијата, додека 49% се стабилни и…
Безживотните тела на три лица се извлечени во спасувачката акција во морскиот дел североисточно од грчкиот остров Миконос, откако се превртил чамец со мигранти, додека пак спасени се двајца, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека во морскиот дел биле откриени телата на две жени и еден маж, а спасувачката акција продолжува. Портпаролот на грчката крајбрежна служба Никос Кокалос, како што претходно објави МИА, за државната телевизија ЕРТ рече дека од 6.30 часот утрово во тек е спасувачка акција во морскиот дел во близина на Миконос, а се интервенира од воздух, копно и вода,…
Европарламентарците изгласаа на Република Северна Македонија да ѝ се одобрат 100 милиони евра преку инструментот за Макрофинансиска помош. Денеска членовите на Комитетот за меѓународна трговија го поддржаа предлогот на Европската комисија, со што средствата од овој инструмент наскоро ќе бидат ставени на располагање, соопшти владината прес-служба. Следува потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, по што средствата од овој инструмент ќе бидат достапни во две транши. Макрофинансиската помош е условена со доброто владеење и управување со јавните финансии, односно самиот инструмент е поврзан со имплементацијата на политики поврзани со управувањето со јавните финансии, даночниот систем,…
На четвртиот ден на Фестивалот за литература и илустрација за деца Литера 2023, гостинка денеска ќе биде Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски. Таа во 13 часот во Музејот на град Скопје ќе се дружи со најмладата публика, со дечињата гости на фестивалот на кои ќе им чита сликовница. Како што информираат од фестивалот, во истиот термин од 13 часот мастерклас кој е од отворен тип ќе одржи илустраторката Николина Манојловиќ-Врачар. Таа ќе сподели дел од своето професионално искуство, а во 17 часот, ќе ја одржи и својата работилница насловена „Што сè“. Илустраторот од Хрватска, Доминик Вуковиќ претходно во…