Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цаца Николовска: Работната група за уставни измени нема мандат да го редефинира Уставот

0
By Ана Василевска on May 26, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Цаца Николовска
Цаца Николовска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 26, 2023 11:43

Претседателката на Работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот, Маргарита Цаца Николовска вели дека нивниот мандат апсолутно не е да се редефинира Уставот и дека на јавноста треба да и биде јасно оти нема никакво редефинирање на државата, на македонскиот идентитет и на она што значи Устав.

Лиферувањето на невистини за работата на работната група, според Цаца Николовска, треба да се стопира и македонската јавноста да биде правилно информирана што прави или ќе прави работната група.

„Нашиот мандат апсолутно не е да се редефинира Уставот. Тоа што одредени личности тоа сакаат да прикажат, не знам од кај го вадат. Тие велат дека имаат од внатре луѓе кои им доставуваат вакви информации. Ние во самата Работна група, сме се договориле и сега повторно ги повикувам тие, ако постојат, ако лиферуваат одредени информации барем да лиферуваат вистински информации, да кажат што ние до сега сме работеле. Ние сме го работеле Деловникот токму заради овие ситуации да немаме бегање од тоа што ни е мандатот. Имаме и решенија коишто наведуваат што и како. Сè друго што политичките партии го зборуваат е нивно мислење и не можеме да го стопираме или негираме, рече претседателката Цаца Николовска“, во гостувањето во емисијата „Утрински печат“

На јавноста, нагласи Цаца Николовска, треба да и биде јасно дека нема никакво редефинирање на државата, на македонскиот идентитет и на она што значи Устав.

„Македонскиот идентитет преку јазикот, преку постоење на народ е многу децидно наведен во апсолутно сите меѓународни и национални документи и да се прави само некоја збрка во целото ова опкружување, не е во ред. Не заради навредите што јас ги добивам, тие навреди нека им служат на чест на оние кои ги прават, меѓутоа народот треба да биде правилно информиран и не треба да биде манипулиран“, нагласи Цаца Николовска.

Поранешната уставна судијка посочи дека во моментов работната група работи точно на она што треба да се смени во Уставот, односно во самата Преамбула, каде делот „македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ…“ би се проширил со набројување на делови на други народи.

Цаца Николовска нагласува дека овие промени ќе бидат направени преку уставни амандмани, зошто таква е процедурата на промена во Уставот, а што тие ќе содржат е друго прашање.

Маргарита Цаца Николовска Работна група за уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.