Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европски парламент: 100 милиони евра за реформски процеси и економска стабилност на Северна Македонија

0
By Ана Василевска on May 26, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Европски парламент Стразбур
Европски парламент Стразбур
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 26, 2023 09:49

Европарламентарците изгласаа на Република Северна Македонија да ѝ се одобрат 100 милиони евра преку инструментот за Макрофинансиска помош. Денеска членовите на Комитетот за меѓународна трговија го поддржаа предлогот на Европската комисија, со што средствата од овој инструмент наскоро ќе бидат ставени на располагање, соопшти владината прес-служба.

Следува потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, по што средствата од овој инструмент ќе бидат достапни во две транши.

Макрофинансиската помош е условена со доброто владеење и управување со јавните финансии, односно самиот инструмент е поврзан со имплементацијата на политики поврзани со управувањето со јавните финансии, даночниот систем, јавно-приватни партнерства, подобрување на деловната околина, фискалната транспарентност, транспарентноста во доделување на државна помош, енергетска ефикасност, реформи во правосудството, како и борбата против корупцијата. Предвид се зема и Инструментот за претпазливост и ликвидност кој Министерството за финансии минатата година го обезбеди преку ММФ, а кој Фондот го има само со земји со здрави економски фундаменти.

Владата, како што се наведува во соопштението, го поздравува одобрувањето на Макрофинансиската помош, како уште еден од многуте примери за партнерството кое го имаме со ЕУ и нивната континуирана поддршка кон нас.

„Заложбата на нашата Влада за спроведување на реформите и покрај повеќе напоредни глобални економски кризи изминатите години, се најдобар доказ за посветеноста кон европскиот пат и желбата нашата иднина да биде во рамки на големото европско семејство“, истакнуваат од Владата.

Европски парламент ЕУ Северна Македонија Финансиска поддршка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.