Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Кандидатката за премиер на Бугарија од редовите на ГЕРБ-СДС, Марија Габриел, денеска во 15 часот по локално време ќе му го врати на претседателот Румен Радев првиот мандат за формирање влада, со оглед на тоа дека не обезбеди доволно гласови за да формира кабинет. Првично ДПС и „Има таков народ“ (ИТН) најавија поддршка за експертска влада, но синоќа, според неофицијални информации, ГЕРБ и „Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) разговарале за поддршка на влада со втор мандат, чиј премиер би се менувал на ротациона основа, пренесува бугарскиот портал Медиапул. На 11 мај Марија Габриел пред ДПС, „БСП за Бугарија“ и „Има…
Стартот со работа на македонската берза за електрична енергија е остварување на една голема и значајна цел во енергетскиот мозаик и е потврда дека имаме капацитет и знаење да обмислиме, креираме и имплементираме функционален систем кој ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании, односно компании кои функционираат на нашата територија, вели во интервју за Локално Дарио Николовски, првиот човек на Агенцијата за енергетика. Во однос на тоа дали ќе се зголеми или намали цената на струјата, Николовски вели дека за тоа ќе одлучи Регулаторната комисија за енергетика, но и дека државата се фокусира ЕСМ да обезбеди најдобра цена за граѓаните.…
Градскиот совет на Сплит донесе одлука за јавен ред и мир на подрачјето на Сплит, според која за време на туристичката сезона несоодветното однесување на јавни места ќе се казнува. Согласно таа одлука, со 300 евра ќе се казни конзумирање алкохол на јавна површина, вршење нужда на јавна површина, спиење во паркови, тревници, плоштади и други јавни површини; консумација на храна или пијалоци на површината за јавна употреба и престој во угостителски објекти по завршување на работното време, пренесува порталот Индекс. Прифатен е и амандман за парична казна од 300 евра за качување и седење на споменици и спомен-плочи, влегување,…
Работната група што треба да ја подготви предлог-иницијативата за измени на Уставот денеска едногласно го усвои Деловникот за работа, кој утре или задутре ќе биде објавен на сајтот на Министерството за правда. Претседателката на Работната група, Маргарита Цаца Николовска по завршувањето на состанокот изјави дека оценува оти донеле добар Деловник, кој дефинира што ќе работат понатаму, без да се навлегува во дискусии, кои би ја одолговлекувале нивната работа. Одлуките ќе се носат со мнозинство од вкупниот број на членови. „Немаме многу време. Немаме зацртано рокови, но важно е да се имаат предвид сите оние можности, кои треба да ги искористиме…
Во Клубот на пратеници почна средбата на премиерот Димитар Ковачевски со лидерите од владината коалиција, на која се очекува да ги информира за посетата на САД, искажаната поддршка за земјава и реформите за продолжување на европскиот пат. На средбата присутни се лидерите на ДУИ Али Ахмети, ЛДП, Моника Зајкова, на ДОМ, Маја Морачанин, потпретседателката на Алијанса за Албанците, Бујаре Абази, како и Стојанче Ангелов од „Достоинство“, Мендух Тачи од ДПА и Љупчо Балковски од ВМРО-Народна. Во пресрет на средбата Централниот одбор на СДСМ синоќа ги повика сите политички и општествени чинители на обединување околу европската иднина и продолжување на европскиот…
Украинскиот претседател првично се очекуваше да учествува преку видео конференција, но сега ќе присуствува на седницата во недела. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе им се придружи на лидерите на најмоќните светски демократии во Хирошима, Јапонија, остварувајќи го своето најоддалечено патување од неговата земја разурната од војна, додека лидерите треба да објават нови санкции кон Русија поради нејзината инвазија. Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олексеј Данилов, на националната телевизија потврди дека Зеленски ќе присуствува на самитот. „Бевме сигурни дека нашиот претседател ќе биде таму каде што и треба на Украина, во кој било дел од светот,…
Во текот на ноќта во јужниот дел на грчкиот остров Крит биле регистрирани 12 последователни земјотреси со јачина од 3 до 4,5 степени, по синоќешниот земјотрес од 5,1 степени, според претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас. Лекас, кој заедно генералниот директор на Организацијата денеска се на Крит каде што одржуваат состаноци и ја следат ситуацијата, за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека последователните земјотреси помагаат да се смири феноменот и истакнува дека нема простор за паника. „Не можеме да правиме никакви предвидувања за тоа како ќе се одвива сеизмичката активност, но сепак сме…
Структурата на Советот на министри останува иста, не дека не може да се размислува за промени, но во моментов немаме време за тоа, изјави Марија Габриел, предложена за премиер од ГЕРБ-СДС. Таа додаде дека имињата на министрите ќе бидат објавени в понеделник. – Во оваа фаза ми е јасен профилот околу кој се обединивме, експерти кои ја познаваат темата, работат на брзи резултати што луѓето можат да ги почувствуваат, посочи Габриел. Таа денеска во кабинетот на претседателот на Народното собрание разговараше со претставници на ДПС и Има таков народ. Таа им се заблагодари за поддршката за јасната визија за експертска…
Американската амбасадорка Анџела Агелер нагласува дека движењето на Македонија на патот кон Европската унија има временска рамка, поставена од самата Унија, односно одржување на следната меѓувладина конференција, во ноември, но со усвоени уставни измени. Агелер нагласува дека или се дава поддршка или се зазема став против она што е потребно за придвижување на земјата кон ЕУ. „Знам и дека има такви надвор од оваа земја, а и во земјава, кои би сакале да му наштетат на тој процес на придвижување напред, а постои и временска рамка со Европската унија, како и следната меѓувладина конференција, која е важна и доаѓа во…
Во Музејот на современата уметност, вечерва во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Годар: човекот-филм“ (Godard Cinema, 2022), со што го најавуваме годинешниот фокус на ФФФ посветен на францускиот филмски великан Жан-Лик Годар. Проекцијата воедно ја акцентира максимата на овогодишното 13. фестивалско издание којашто гласи „Сè е филм, во множина“. Годинешната максима, „Сè e филм, во множина“, на ниво на синтакса, повторува една Годарова постапка: брзиот и неочекуван монтажен засек. Затоа и запирката, која не е чест гостин во слогани, тука ни се чини и сосема посакуванa. Режисерот на филмот „Годар: човекот-филм“, Сирил Лоти, вели дека „она што најмногу привлекува…
Панел дискусијата која ја спроведе Тинк-тенк „Аналитика“ и која се однесува на Предизвиците и можностите од Иницијативата „Отворен Балкан” по кризата предизвикана од воениот конфликт во Украина јасно укажа дека домашните компании се задоволни од ефектите на „Отворен Балкан“. Дискутантите во рамки на панел дискусијата сметаат дека иницијативата носи развој на индустриите и државата. Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи Марјан Забрчанец оценува дека „Отворен Балкан“ веќе донесе олеснет транспортот на земјоделски продукти, нови туристи и висока оценка и светска промоција на домашните вински производи. „Преку Отворен Балкан државата и регионот се претставуваат како врвен вински, гастрономски…
Лидерот на бугарската парламентарна партија „Има таков народ“, Слави Трифонов, во видео порака објавена на неговиот профил на Фејсбук денеска порача дека ИТН ќе поддржи експертска влада во земјата, јави БТА. „Ќе поддржиме експертска влада, бидејќи ако сега нема редовна влада, за три месеци проблемите ќе бидат многукратно поголеми, а политичарите кои сега одбиваат да ги решат овие проблеми, за три месеци повторно ќе застанат во изборна кампања и ќе бараат да ги избереме, рече Трифонов. „ИТН е во 49-от парламент да работи, да не се пазари, тесно да не следи партиски интереси, да не се интересира за пратенички плати…