Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Трифонов: ИТН ќе подржи експертска влада во Бугарија

0
By Ана Василевска on May 18, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Слави Трифонов
Слави Трифонов
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 18, 2023 16:06

Лидерот на бугарската парламентарна партија „Има таков народ“, Слави Трифонов, во видео порака објавена на неговиот профил на Фејсбук денеска порача дека ИТН ќе поддржи експертска влада во земјата, јави БТА.

„Ќе поддржиме експертска влада, бидејќи ако сега нема редовна влада, за три месеци проблемите ќе бидат многукратно поголеми, а политичарите кои сега одбиваат да ги решат овие проблеми, за три месеци повторно ќе застанат во изборна кампања и ќе бараат да ги избереме, рече Трифонов.

„ИТН е во 49-от парламент да работи, да не се пазари, тесно да не следи партиски интереси, да не се интересира за пратенички плати и пратенички ќофтиња“, рече Трифонов.

„ИТН ќе направи се парламентот да функционира, а за тој да функционира мора да има влада. А владата за да ја заврши потребната работа мора да биде стручна, од луѓе кои ги разбираат работите“, додаде Трифонов.

Лидерот на ИТН додаде дека знае дека таков кабинет можеби нема да добие поддршка, но дека тој и неговите колеги ќе бидат смирени бидејќи ќе го направат тоа што е правилно, затоа што така треба, бидејќи така функционира државата.

Според него, земја без влада е како „авион без гориво“.

„Еве што ќе се случи – на 10 јуни престанува да функционира актуелниот буџет. Нема буџет, а ако нема буџет, нема да има пари за наставници, за лекари, за полицајци, за пензии, за државата како држава. Таа ќе престане да функционира, додаде Трифонов, за кого ситуацијата во Бугарија во моментов е „тажна“ и „одвратна“.

„Погледнете што се случува – заменикот јавен обвинител се плаши дека јавниот обвинител ќе го убие. Како да не се работи за нашата татковина, туку за нарко-картелите во Мексико. Парламентот е полн со луѓе кои всушност не треба да бидат во парламентот“, изјави Слави Трифонов во својата видео објава на Фејсбук.

Бугарија Слави Трифонов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.