Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агелер до опозицијата: Или си или не си за ЕУ

0
By Ана Василевска on May 19, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Анџела Агелер
Анџела Агелер
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 19, 2023 11:05

Американската амбасадорка Анџела Агелер нагласува дека движењето на Македонија на патот кон Европската унија има временска рамка, поставена од самата Унија, односно одржување на следната меѓувладина конференција, во ноември, но со усвоени уставни измени. Агелер нагласува дека или се дава поддршка или се зазема став против она што е потребно за придвижување на земјата кон ЕУ.

„Знам и дека има такви надвор од оваа земја, а и во земјава, кои би сакале да му наштетат на тој процес на придвижување напред, а постои и временска рамка со Европската унија, како и следната меѓувладина конференција, која е важна и доаѓа во ноември, така што и тоа е дел од разговорот. Не сум убедена во тоа, но има и такви кои велат дека не ги поддржуваат уставните измени, освен ако нема предвремени избори, па потоа ќе ги поддржат. Мислам дека или поддржуваш да се направи она што е потребно за придвижување кон ЕУ или си против. И повторно се надевам дека оние, во која било партија, кои се грижат за иднината на оваа земја ќе ги донесат одлуките за да се продолжи напред и ќе ги преземат активностите што се неопходни за придвижување кон ЕУ. Сега дали тоа значи предвремени избори или не, дали ќе се случат следната пролет, не можам да предвидам, но ќе видиме што ќе се случи, а верувајте ми, гледаме многу внимателно“, вели Агелер, во интервју за МИА.

Таа истакнува дека е факт оти граѓаните на оваа земја направиле тежок избор и донеле тешки одлуки за промената на името.

И ако ме прашавте пред да заминам од Скопје во 2013 година, дали земјава би го направила тоа, немаше да верувам во тоа. Луѓето разбираат дека има тешки одлуки што треба да се донесат. Но, вие сте апсолутно во право, самото тоа што имате цел не значи дека ја постигнувате. За тоа е потребна акција, а во овој случај потребна е уште една уставна промена. Знам дека луѓето се уморни од тоа, но во исто време сакаат да бидат и во Европската унија, бидејќи ги препознаваат огромните придобивки од отворањето на тие врати кон Европската унија и кон евроатлантските интеграции“, нагласува американската амбасадорка.

Таа се надева дека лидерите на сите политички партии ќе ги остават настрана нивните разлики и едноставно ќе постапат во најдобар интерес за земјата и за нејзината иднина.

Анџела Агелер ВМРО-ДПМНЕ ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.