Author: Ана Василевска

Американскиот глумец Мајкл Даглас ја доби почесната „Златна палма“ на отворањето на 76. издание на Филмскиот фестивал во Кан. Претставувајќи го Даглас, неговата колешка, глумицата Ума Турман го опиша како „еден и единствен – и како продуцент, и како легендарна филмска ѕвезда“. „Ова ми значи многу, бидејќи има толку многу фестивали ширум светот, но има само еден Кан!, рече 78-годишниот глумец, оценувајќи ја наградата како – неверојатна чест.  Коментирајќи го фактот дека е „постар од фестивалот“, Даглас се осврна на својата кариера и кариерата на неговите соработници во филмската индустрија. Тој на настанот пристигна со својата сопруга Кетрин Зета-Џонс.…

Read More

Неколку основни училишта во Белград утринава добија дојави за подметнати бомби, јавија белградски медиуми. Бомба била пријавена во основното училиште „Дринка Павловиќ“, а според информациите на „Данас“, закани биле упатени и кон ОУ „Обединети нации“, како и до ОУ „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац. Училиштата издадоа упатства до наставниците да ги информираат родителите да не ги носат децата денеска во школо. Српското МВР соопшти дека полицијата е на терен и ги проверува сите пријави.

Read More

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија врз основа на донесена одлука од страна на Управниот одбор поднесе кривична пријава против продукцијата „Банана Филм“ – Скопје. Како што соопштуваат од Агенцијата за филм, оваа одлука се донесе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – поднесена официјална изјава со невистинита содржина, а се темели на докази поврзани со фактичката состојба на проектите „Мајки“, „Врба“, „Кајмак“ и „Биста“. „Согласно горенаведеното, Управниот одбор на Агенцијата за филм донесе одлука со која го задолжи директорот на Агенцијата да донесе решение за прекин на постапување и финансирање по проектите „Кајмак“ и „Биста“…

Read More

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Не е тајна дека во една друга темпоралност, Скопје е еден од градовите во кои ги поминав моите формативни години. Што во Скопје правев на 16 години? Уживав, се дружев, љубев и, може ли да замислите (?) – играв кошарка. Скопје е мојот прв вистински град во мојот живот, град во вистинска смисла на зборот. Град што ги дефинираше моите мисли, моите зборови и моите „когниции“. Кога се соочив со Скопје, повеќе немав страв од градови. Следните градови во кои се обидов да живеам беа Сплит, Нови Сад и Белград, ама тоа е една сосема друга приказна…

Read More

Куклената претстава „Роња, ќерката на разбојникот“ на Театарот за деца и младинци од Скопје освои две награди на годиаешното издание на интернационалните Новосадски театарски игри, кои во изминативе осум дена се одржаа во овој град во Србија. Најновата претстава на скопскиот театар во режија на младиот, но веќе афирмиран чешки режисер Јакуб Максимов ја доби највисоката награда „Гран при за најдобра претстава во целина“, а жирито на фестивалот дополнително ѝ додели награда за „Мајсторство во анимацијата“ на актерката Матеа Јанковска за креацијата на улогата на Роња во истата претстава. „Претставата во сите сегменти е исклучителна и слоевита, во исто време…

Read More

Циклонот Мока уби најмалку 400 луѓе во мјанмарската држава Ракхајн и предизвика сериозни штети во западните делови на земјата, изјави денеска за германската новинска агенција ДПА портпаролот на опозициската влада на национално единство во егзил. Циклонот прерасна во најмоќниот ураган што го погоди регионот изминатата деценија, а неговото влијание беше особено почувствувано во Ракхајн, држава на западниот брег на Мјанмар, која е дом на муслиманското малцинство Рохинџи, прогонувано од владејачката воена хунта. Според портпаролот поголемиот број од жртвите се дел од ова малцинство. Владата на национално единство беше формирана по воениот удар во Мјанмар во 2021 година како алтернатива на…

Read More

Многупати досега имам кажано дека внесувањето на помалите етнички заедници во Уставот, вклучително и на Бугарите, нема да ја загрози безбедноста на државата, ниту ќе ја разниша нашата внатрешна стабилност. Токму затоа го поддржав процесот за уставни измени и делегирав свој претставник во работното тело, рече претседателот на државата Стево Пендаровски. Во воведно обраќање на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода, шефот на државата истакна  дека е убеден дека колку сме поразлични, толку е поширок хоризонтот на можности. -И сето тоа зависи само од нас и од нашата подготвеност…

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше присутна на изложба со дела кои беа изработени на работилницата “PIN-EQUITY за куќата од соништата на децата” организирана и асистирана од страна на одделот на Архитектура при инженерскиот факултет и факултетот за образование при Меѓународниот Балкански Универзитет. Како учесници во изработката на делата беа вклучени и децата од дневниот центар за деца со даунов синдром во Скопје и асоцијацијата “Dua Ylberin”. Изложбата ја отвори со своето обраќање проректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет, Мевлудин Ибиш. „Студентите на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје уште еднаш покажаа дека се несебични и доста професионални. Со студентите од ИБУ сме…

Read More

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими Мануел Сарацин, специјалниот пратеник на Владата на Сојузна Република Германија за Западен Балкан. На средбата се разговарало за процесот на европските интеграции на земјава, состојбите во регионот на Западен Балкан и пошироко, како и за актуелните политички случувања во Северна Македонија. Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, тој изразил очекување за натамошна силна поддршка од германските власти во пристапување на земјава кон Европската Унија, посочувајќи дека забрзувањето на интегративните процеси е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност на целиот регион. Претседателот Пендаровски ja поздравил значајната улога на Сарацин, како…

Read More

Манифестацијата „Денови на македонската култура“ е отворена во Белград со изложбата на слики „Очите гледаат се“ на авторката Гордана Јаневска, во галеријата „Никола Радошевиќ“. На отворањето на изложбата, што ќе трае до 21 мај, пригодни говори и поздрави имаа Зорица Митровиќ, претседател на македонското друштво во Белград „Македониум“ и Синиша Новески, скулптор и уметнички директор на фестивалот „Деновите на македонската култура“. „Очите се портата и преминот помеѓу духовното и реалното, метафизичкото и објективното, а со тоа сликите на авторката се визуелно и интимно искуство и претстава на нејзиниот поглед на светот, луѓето и природата“, се вели во текстот за изложбата…

Read More

Конференција „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода, ќе се одржи денеска во Скопје. На конференцијата, како што соопштија организаторите, ќе се опфатат општествено-политичките аспекти на односите меѓу заедниците, мултикултурализмот и европските вредности. Настанот се одржува и во контекст на Светскиот ден на различностите, 21 мај. „Конференцијата ќе ја отвори претседателот на државата Стево Пендаровски, а клучни говорници ќе бидат првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, националниот координатор за мултикултурализам Роберт Алаѓозовски, пратеничката Санела Шкријељ, почесниот конзул на Големото Војводство Луксембург Петар Арсовски“, најавуваат…

Read More

Од позициите на моќ до кралевите, партиите кои добро поминаа и политичарите кои се борат за опстанок во вториот круг од гласањето на крајот на месецот Десетици милиони Турци излегоа на гласање во неделата на парламентарните и претседателските избори, а милиони други имаат право на глас во странство. Значи, што научивме досега од резултатите? 1. Ова се први претседателски избори на кои  Ердоган не победи во првиот круг. Тоа е веќе шок за турскиот политички систем. Но, претседателот настапи подобро од очекуваното , а Народната алијанса предводена од неговата партија го задржа мнозинството во турскиот парламент од 600 места. Аналитичарите…

Read More