Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Мајкл Даглас ja доби почеснaта „Златна палма“ во Кан: Факт е дека сум постар од фестивалот

0
By Ана Василевска on May 17, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, СВЕТ
Мајкл Даглас
Мајкл Даглас
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 17, 2023 09:35

Американскиот глумец Мајкл Даглас ја доби почесната „Златна палма“ на отворањето на 76. издание на Филмскиот фестивал во Кан. Претставувајќи го Даглас, неговата колешка, глумицата Ума Турман го опиша како „еден и единствен – и како продуцент, и како легендарна филмска ѕвезда“.

„Ова ми значи многу, бидејќи има толку многу фестивали ширум светот, но има само еден Кан!, рече 78-годишниот глумец, оценувајќи ја наградата како – неверојатна чест.

Коментирајќи го фактот дека е „постар од фестивалот“, Даглас се осврна на својата кариера и кариерата на неговите соработници во филмската индустрија. Тој на настанот пристигна со својата сопруга Кетрин Зета-Џонс.

За време на свеченото отворање на Фестивалот, Кјара Мастројани рече „смислата на овој Фестивал беше и останува да ја евоцира нашата слобода… Да ја изразиме силата и кревкоста на нашето постоење. Таа како водителка го поздрави жирито, предводено од Рубен Остлунд.

Настанот го отвори филмот „Жан ду Бери“ (Jeanne du Barry) – драма сместена во 18. век, на француската режисерка Мајвен, за кралот Луј Петнаесетти кој се вљубил во проститутката Мари-Жан Бека. Џони Деп ги глуми монархот, а Мајвен – Бека.

Фестивалот на француската ривиера, ќе трае до 27 мај, и вклучува мноштво први прикажувања, вклучувајќи ги новиот „Индијана Џонс“ филм денеска, што ќе биде петтиот дел од серијалот и последен во којшто ќе глуми Харисон Форд како славниот археолог. В сабота ќе биде прикажан најновиот филм на Мартин Скорсезе – „Убијците на цветната месечина“ (Killers of the Flower Moon) со Леонардо ди Каприо и Роберт де Ниро во главните улоги. Истиот ден посетителите ќе можат да ги погледнат Натали Портман и Џулијан Мур во филмот на Тод Хејнс – „Мај, декември“.

Тоа се само дел од 21 филм коишто се натпреваруваат за „Златна палма“.

Меѓу режисерите има седум жени – најмногу досега, а во списокот номинирани се уште неколку досегашни лауреати – двократниот победник од Велика Британија, Кен Лоуч, како Јапонецот Хироказу Коре-едо и Германецот Вим Вендерс…

На чело на жирито е минатогодишниот добитник, Швеѓанецот Рубен Остлунд („Триаголник на тагата“), а членови се и холивудските ѕвезди Бри Ларсон и Пол Дејно. Околу илјада полицајци и чувари работат на фестивалот поради страв од политички мотивираните протести во Франција.

кански филмски фестивал Мајкл Даглас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.