Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Конференција „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“

0
By Ана Василевска on May 16, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 16, 2023 09:29

Конференција „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода, ќе се одржи денеска во Скопје.

На конференцијата, како што соопштија организаторите, ќе се опфатат општествено-политичките аспекти на односите меѓу заедниците, мултикултурализмот и европските вредности. Настанот се одржува и во контекст на Светскиот ден на различностите, 21 мај.

„Конференцијата ќе ја отвори претседателот на државата Стево Пендаровски, а клучни говорници ќе бидат првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, националниот координатор за мултикултурализам Роберт Алаѓозовски, пратеничката Санела Шкријељ, почесниот конзул на Големото Војводство Луксембург Петар Арсовски“, најавуваат од ЦИВИЛ.

Со свои говори, како што додаваат, ќе се претстават и четири градоначалници Билал Касами, Максим Димитриевски, Арбен Таравари и Висар Ганиу.

„Меѓу речиси 20 говорници се и низа претставнички и претставници на експертската и академската заедница, граѓанското општество и медиумите. Ќе говорат: заменик директорот на АОПЗ, Џелал Хоџиќ, универзитетската професорка Ана Чупеска, Зоран Иванов, Љубиша Николовски, Петрит Сарачини, како и ЦИВИЛ-ите Биљана Јордановска, Дехран Муратов, Драган Мишев и Џабир Дерала. Модераторка на настанот е Дијана Тахири“, се вели во соопштението.

Конференцијата е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“ посветен на промоцијата на мултикултурализмот и европските вредности што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург.

конференција Односи меѓу заедниците Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

ВЕСТИ July 8, 2026

Американската војска соопшти дека завршила серија напади во Иран во кои биле погодени повеќе од…

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.