Author: Ана Василевска

Премиерот Димитар Ковачевски работната агенда во Њујорк ја продолжува со низа средби и настани по повод 30 години членство на Северна Македонија во Обединетите Нации. Тој денеска треба да се сретне со амбасадорот на постојаната мисија на Европската Унија Олоф Скуг, со заменик-извршниот директор на УНИЦЕФ, Омар Абди, како и со регионалната директорка на УНДП за Европа и Централна Азија, Ивана Живковиќ, соопшти владината прес-служба. Во попладневните часови, по американско време, премиерот Ковачевски ќе се обрати на приемот по повод 30 годишнината од членството на Северна Македонија во Организацијата на обединетите нации во Њујорк. Предвидено е да ја посети и…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го негираше нападот на Украина врз резиденцијата во Кремљ на рускиот претседател и самиот Путин, додавајќи дека украинската страна ќе го остави на Трибуналот. Зеленски изјавата ја даде  за време на заедничката прес-конференција со претседателите и учесниците на нордиско-украинскиот самит во Финскиот Хелсинки, јавува дописникот на Укринформ. „Ние не ги напаѓаме Путин или Москва. Ние се бориме на наша територија, ги браниме нашите села и градови. Ние не го нападнавме Путин. Го оставаме на Трибуналот“, рече претседателот на Украина. Според Зеленски, Украина нема доволно оружје за да го користи „никаде“. На прашањето зошто Русија прибегнува кон такви…

Read More

Денешниот датум, 4 мај, останува врежан во историјата како поука дека силата и иднината се во единството. Поука на која не потсетува нашиот визионер и инспиратор на македонското револуционерно дело, Гоце Делчев, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил. Идеалите на Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбрал светот како поле за културен напредок меѓу народите, објави Ковачевски, се патоказ за низата генерации македонски револуционери кои се вградени во македонската државност. „Тие се и наш патоказ, како прогресивна Влада, којашто посветено работи на изградбата на Северна Македонија во еднакво општество за сите и европски дом за сите…

Read More

Новиот крал, наводно, планира „поевтино“ крунисување бидејќи Обединетото Кралство се соочува со економска криза и невиден бран на протести. Оваа сабота, Обединетото Кралство ќе го слави крунисувањето на кралот Чарлс трети  и кралицата Камила – првото крунисување по повеќе од 70 години. Земјата ги презема сите чекори: тридневна прослава, вклучувајќи улични забави и голема јавна поворка. Но, има едно прашање што се чини дека е во главите на многу луѓе: колку ќе чини ова и кој ќе го плати? Па, краткиот одговор: комплицирано е. Приближно 113 милиони евра (или 100 милиони фунти) Како и со јубилеите и другите слични настани,…

Read More

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор испрати писмо до својот американски колега Џо Бајден во кое бара Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) да престане да ги финансира организациите кои се непријателски настроени кон мексиканската влада. Мексиканскиот претседател не прецизираше на кои опозициски организации мисли. „Американската влада, конкретно преку УСАИД, извесно време финансира организации кои отворено се спротивставуваат на легитимната и законски избрана влада што јас ја застапувам“, вели Лопез Обрадор во своето писмо. „Ова е јасно интервенционистички чин кој е во спротивност со меѓународното право и односите што треба да преовладуваат меѓу слободните и суверените држави“, напиша шефот…

Read More

Министерот за образование Бранко Ружиќ и министерката за здравство Даница Грујичиќ и се обратија на јавноста откако девет лица беа убиени во основното училиште во Врачар. Меѓу жртвите има и деца, како и училишен чувар, додека шест деца и една наставничка се ранети и им била укажана помош во Ургентниот центар Тиршова. Началникот на полициската управа на Град Белград, Веселин Милиќ изјави дека злосторството се подготвувало еден месец, а убиецот имал списоци со имињата на учениците кои имал намера да ги убие. Министерот Ружиќ на почетокот на конференцијата побара едноминутно молчење за сите загинати во утринската трагедија. „Го изразувам моето…

Read More

Отворен Балкан е создавање на смисла за добрососедство. Тој прави границите да не разделуваат, туку да спојуваат и она што е важно за секоја регионална интеграција, особено во Западен Балкан е да се биде отворен, истакна Кристофер Хил, амбасадор на САД во Република Србија и поранешен американски амбасадор во Северна Македонија. На денешната конференција „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешни случувања во земјите од Западен Балкан“ во организација на Претседателскиот центар за политичко образование, Хил посочи дека поентата на Отворен Балкан е да се креира чувство на заедништво и начин на функционирање со соседството. Според него, регионалната интеграција е важна, како…

Read More

На 3 мај оваа година се одбележува и триесетгодишнина од Светскиот ден на слободата на медиумите. Руската брутална агресија против Украина и деструктивните последици од сите облици на хибридното војување против демократијата во Европа и во светот, ја истакнуваат важноста на медиумите повеќе од било кога досега. Овој јубилеј ја дочекува Северна Македонија со уште еден скок на индексите. Добрата вест е што нашата земја бележи скок од 19 места на индексот на Репортери без граници. Но причини за радост на овој ден има малку. Со право, ОН годинава го одбележува овој ден со темата „Обликување на иднината на правата: Слободата на изразување…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска, коментирајќи ги актуелните случувања во Судскиот совет, оцени дека посебен проблем е што оваа институција нема претседател. Тоа, според него, фрла темна дамка врз целото демократско досие на државата. „Она што го знам и што претставува посебен проблем е тоа што претседателот на Судскиот совет, кој и да е, е и претседател на Судско-финансискиот совет, што значи ако нема претседател на Судски совет нема кој да потпише решенија за судиите да земат плата. Таа ситуација мора час поскоро да се реши, не само заради платите, туку зашто фрла таква темна дамка врз целото европско, демократско досие…

Read More

Едно од најголемите прогресив псај транс имиња во светот Egorythmia со целовечерен настап овој викенд гостува во новиот културен центар во Дебар Маало – Бруталиск. Бобан Лазовски се стекна со светска слава со својот албум Egorythmia во 2008 и оттогаш почна да го користи тоа име на настапите во најголемите клубови и фестивали низ светот. На само неколку дена пред лансирањето на својот последен албум „Deviant“, тој настапува пред одбрана и ограничена публика во својот роден град каде последен пат настапил пред дури пет години. Бобан Лазовски е музички продуцент од Скопје, еден од повлијателните и продуктивни продуценти во жанрот прогресив…

Read More

Албанската влада ги достави до Парламентот предлог-измените на законот за државјанство, со кој се предвидува укинување на некои критериуми за негово добивање. Од странците повеќе нема да се бара да го знаат албанскиот јазик за да добијат албанско државјанство доколку добиле дете за време на нивниот редовен престој во земјата. Во член 1 од предлог-законот, албанско државјанство можат веднаш да добијат деца на странци родени во ова земја доколку за тоа согласност дадат двајцата родители, иако поседуваат други државјанства, кои легално престојувале на албанска територија. Со досегашниот закон право на државјанство добиваа со наполнети 18 години. Право на албанско државјанство…

Read More

На 107-та позиција во светот според индексот за слободата на медиумите се најде Грција во извештајот за 2023 година на Репортери без граници и е најлошо позиционирана, како на Балканот, така и во Европа, со исклучок на Турција, јави дописничката на МИА од Атина. Минатата година Грција беше една позиција пониско, меѓутоа, оваа година поените што ги добива се за 0,3 помалку од лани. „Слободата на медиумите во Грција претрпе сериозни уназадувања меѓу 2021 и 2023 година, вклучително со скандалот со прислушувањето кој откри дека Националната разузнавачка служба (ЕИП) шпионирала неколку новинари“, пишува во извештајот за Грција, а споменато е…

Read More