Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Подготвил план како во видео игра: Тинејџерот Коста К.(14) ги осмислил убиствата пред еден месец, во станот бил пронајден список со имињата на оние кои планирал да ги убие

0
By Ана Василевска on May 3, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 3, 2023 14:40

Министерот за образование Бранко Ружиќ и министерката за здравство Даница Грујичиќ и се обратија на јавноста откако девет лица беа убиени во основното училиште во Врачар. Меѓу жртвите има и деца, како и училишен чувар, додека шест деца и една наставничка се ранети и им била укажана помош во Ургентниот центар Тиршова.

Началникот на полициската управа на Град Белград, Веселин Милиќ изјави дека злосторството се подготвувало еден месец, а убиецот имал списоци со имињата на учениците кои имал намера да ги убие.

Министерот Ружиќ на почетокот на конференцијата побара едноминутно молчење за сите загинати во утринската трагедија.

„Го изразувам моето најдлабоко жалење за најголемата трагедија што ја снајде Србија во поновата историја. За жал животот го загубија осум деца, како и припадник на обезбедувањето на училиштето, додека повредените ученици и наставничката се хоспитализирани. Никој не може да ги врати децата на нивните родители. Настанот се случи утрово во 8 часот и 40 минути кога ученик од седмо одделение го извршил овој чин, за прв пат во Србија. Заштитниот прстен кој е стандардизиран и предвиден за училиштата беше поставен и утрово. Имаше и видео надзор и чувар, кој го загуби животот вршејќи должност како училишен полицаец. Благодарен сум им на нашите здравствени работници што им помагаат на сите кои се хоспитализирани и на кои им е потребна медицинска помош. Шест деца се хоспитализирани и еден наставник. Благодарен сум и за храброста на наставниците кои помогнаа во оваа трагедија“, рече министеrot Ружиќ.

Тој додаде дека бил повикан тим од психолози со цел да им се даде поддршка на учениците и родителите во овој трауматичен период кој ги следи сите.

„Незамисливо е како им беше на оние деца кои го доживеаја тој страв. Владата донесе одлука за тридневна жалост на целата територија на Србија, почнувајќи од петок до недела. Поради овој настан кој се случи утринава, наставата денеска ќе биде прекината во попладневната смена и нема да се одржува. Од утре наставата ќе започне со едноминутно молчење. „Србија е исто така, за жал, дел од светот каде што се случуваат вакви работи сè почесто“, рече тој.

Грујичиќ низ солзи: Најстрашните искуства за мене како човек и доктор

Министерката за здравство Даница Грујичиќ низ солзи порача дека ова е најтешкиот ден во нејзината 40-годишна кариера.

„Во училиштето починаа осум деца и еден човек кој си ја вршеше работата. Шест деца и нивната наставничка се сместени во здравствени установи. Двете момчиња кои се сместени во Тиршово се стабилни и надвор од животна опасност добиле куршум во нозете. За жал третото девојче е критично, се здоби со прострелна рана во главата, но штетата е голема, направивме се што можевме. Момчето кое има повреда на ногата е во Ургентниот центар. Наставничката која имаше повреда на карлицата и натаму се бори за живот.  Изразувам искрено сочувство до родителите кои ги загубија своите деца. За 40 години работен стаж, ова е можеби моето најстрашно искуство, и како доктор и како личност. Би сакал да им се заблагодарам на колегите од Итната помош кои брзо реагираа. „Институтот за ментално здравје организираше два телефона кои ќе бидат достапни за сите на кои им е потребна помош“, рече таа.

Полицијата соопшти – Злосторството го подготвувал еден месец, во станот се пронајдени имињата на сите кои планирал да ги убие

Веселин Милиќ, шеф на градската управа на Белград, рече дека ова е огромна човечка трагедија. Тој нагласи дека целото злосторство се подготвувало еден месец.

Милиќ на конференцијата го покажал и списокот што го пронашле во станот на Коста К, а на него биле испишани имињата на оние  кои планирал да ги убие. Покрај тоа, тој имал прецизен план на училиштето, со означен влез и излез.

„Сум бил на илјадници извршени злосторства, трагедии, но ова е невидено во српското општество. Веднаш по настанот, припадници на МУП го лишиле од слобода Кост Кецмановиќ. Јавноста треба да биде запознаена со сето она што го произведе овој криминал кој се планира веќе еден месец. Мотивот се уште не е утврден. Училницата по историја беше близу до влезот на училиштето, а неговиот клас го имаше првиот час по историја. При доаѓањето во училиштето веднаш пукал во обезбедувањето Д.В, по што се свртел кон децата и пукал“.

Тој го покажа списокот на деца, кој самиот Кецмановиќ го направи и ги одреди приоритетните цели. Тој список покажува кого планирал да убие Кецмановиќ. Дополнително, по извршувањето на ова дело, според Милиќ, тој сам се пријавил во полиција.

„Скицата изгледа како нешто од видео игра или хорор филм што покажува дека тој детално планира како да влезе во училиштето и колкав број убиства од VII-2, VII-3, VIII-4. Изразувам сочувство до МУП и од мое лично име“, заклучи Милиќ.

Да потсетиме, девет лица загинаа во престрелката што се случи утринава околу осум часот во основното училиште во Врачар. Меѓу жртвите има и деца, како и училишен чувар, додека шест деца и една наставничка се ранети и им била укажана помош во Ургентниот центар и Тиршова.

Врачар Убиени ученици Убиство во Белград
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

ВЕСТИ May 26, 2026

Новото задолжување на државата наиде на жестоки критики од опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, која…

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

May 26, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

May 24, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.