Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Немањето претседател на Судскиот совет фрла темна дамка врз целото демократско досие на државата

0
By Ана Василевска on May 3, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Стево Пендаровски
Стево Пендаровски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 3, 2023 12:51

Претседателот Стево Пендаровски денеска, коментирајќи ги актуелните случувања во Судскиот совет, оцени дека посебен проблем е што оваа институција нема претседател. Тоа, според него, фрла темна дамка врз целото демократско досие на државата.

„Она што го знам и што претставува посебен проблем е тоа што претседателот на Судскиот совет, кој и да е, е и претседател на Судско-финансискиот совет, што значи ако нема претседател на Судски совет нема кој да потпише решенија за судиите да земат плата. Таа ситуација мора час поскоро да се реши, не само заради платите, туку зашто фрла таква темна дамка врз целото европско, демократско досие на Северна Македонија, рече Пендаровски“, коментирајќи ги актуелните случувања во Судскиот совет.

Според него, не се случајни реакциите изминатите днеови и од ЕУ и од Американската амбасада.

„Тоа се најжестоки реакции и најжестоки критики за состојбите во македонскиот правосудсен систем од 1990 година до денес“, оцени Пендаровски.

Тој потсети дека имал обраќање уште првиот ден кога се случиле немилите сцени кои, како што напомена, не смее да се дозволат во држава што преговара со ЕУ и која сака да биде членка на клубот во кој се најголемите демократи во светот.

„Имав обраќање до медиумите првиот ден кога се случија тие немили сцени. Не памтам дека години наназад во земјава сме имале толку непријатни сцени поврзани со сферата која инаку е жестоко критикувана со право и од која најчесто, за жал, ни доаѓаат негативни вести. Тоа беше ситуација, сцена која не смее да се дозволи во држава која преговара со ЕУ и која утре сака да биде членка на тој клуб каде што се најголемите дмеократи во светот“, истакна Пендаровски прашан во врска со неговиот предлог Весна Дамева да биде избрана за член на Судскиот совет.

разрешување на Весна Дамева Стево Пендаровски Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.