Author: Ана Василевска

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти го потврдија учеството во новата рунда од дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина, што ќе се одржи во понеделник (27 февруари) во Брисел. На состанокот ќе се разговара за предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак почнувајќи од 15 часот ќе одржат одвоени состаноци со лидерите, по што ќе следи заеднички состанок. На крајот од состанокот е предвидена…

Read More

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ со уште една поддршка за младешко, инвентивно  и корисно ангажирање. Ива, Матео, Јована, Стефан и Влатко се ученици во кичевското средно општинско училиште „Мирко Милески“, кои заедно со нивниот ментор, професорката по хемија Роза, и стручниот ментор – Софија Стојаноска, го реаализираат групниот проект „Од чекор до електрична енергија“. Станува збор за проект кој опфаќа поплочување на малиот училишен  ходник со специјалните плочки „Pavegen“, кои, со секојдневното чекорење на учениците и вработените во училиштето, ќе овозможат месечно производство на 720 kWh електрична енергија и годишна заштеда од 64.800 денари.  Имајќи во предвид дека…

Read More

Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната плата исплатена во декември 2022 година изнесува 34.364 денари, што за 14.8 отсто повеќе споредено со истиот месец од 2021 година. Потпретседателот Фатмир Битиќи денеска на својот фејсбук профил објави преглед на покачувањето на просечната плата во последните 10 години. „Заводот за статистика во денешното соопштение вели дека просечната плата изнесува 34.364 денари, со што година дена порано, се реализира програмската цел од парламентарните избори 2020 година дека ќе постигнеме раст на просечната плата од 34.000 денари или покачување од 30%. Како што можете да видите на графиконот подолу, веќе сме на…

Read More

Расправата во унгарскиот Парламент за ратификација на договорот за прием на Финска и Шведска во НАТО е закажана за 1 март, а гласањето се очекува до 20 март. Бриселскиот портал EUObserver пишува дека унгарскиот премиер Виктор Орбан иницирал ратификација на пристапувањето на двете нордиски земји во Алијансата и дека неговата партија Фидес предложила дебата во парламентот следната недела. Прашањето ќе се најде на дневен ред по неколкумесечните необјасниви одложувања што ги поттикнаа шпекулациите дека Орбан го уценува Брисел поради замрзнатите фондови на ЕУ или дека им „служи“ на претседателите на Турција и Русија, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин, со…

Read More

Седми ден се затворени операциските сали во гинеколошкото, хируршкото и ортопедското одделение во прилепската болница. Минатата недела 52-годишна пациентка по интервенција на гинеколошкото одделение и по компликации, по еден ден е препратена на скопските клиники каде починала. Од четвртокот се затворени салите, а во петокот Државниот санитарен и здравствен инспекторат направил вонреден инспекциски надзор по информации од прилепскиот Центар за јавно здравје. Од Министерството за здравство, а и од Комисијата за интрахоспитални инфекции при болницата потврдија дека во примерок на хемокултура од починатата пациентка е пронајдена бактеријата стафилоколус епидермидис. Пријавена е интрахоспитална инфекција. „Од земениот примерок за хемокултура во ЈЗУ Центар за јавно здравје-Прилеп…

Read More

Жените кои трпат семејно малтретирање имаат три пати поголема веројатност од останатите да се обидат да си го одземат животот, открива новото истражување. Оние кои доживеале сексуална злоупотреба во врска имаат уште поголем ризик од самоубиство и седум пати поголема е веројатноста да се обидат да си го одземат животот. Активистите за правата на жените велат дека наодите се „шокантни и ужасни“ и треба да ги поттикнат општите лекари, акушерките, персоналот во прифатните и социјалните центри и другите кои доаѓаат во контакт со ранливите категории на  жени да почнат рутински да ги прашуваат за нивната лична безбедност. Жртвите на злоупотреба…

Read More

Полицијата во Охрид вчера попладнето го привела 23-годишниот битолчанец Б.А., кој е вториот осомничен напаѓач врз Кристијан Пендиков од Охрид. Портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски, потврди дека вчера во 17 часот полициски службенци го лишиле од слобода Б.А., лице барано со централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Според Димоски, Б.А. е задржан во полициска станица и ќе биде предаден на надлежното ОЈО.

Read More

Здравствени работници претпладне во тек на паузата протестираа пред Клиничкиот центар и ГОБ „8 Септември“ во Скопје, барајќи покачување на платите и усогласување со промените на минималната плата. Освен во Скопје истовремено протести се одржаа и во други градови низ државата.„Согласно со европското законодавство, овој упад со нацрт законот за плати, во колективните договори, може да значи укинување или намалување, на правата работниците пропишани на согласно овие колективни договори. За година од првичното покачување на минималната плата и доближувањето на другите пониски профили кон профилот на медицински сестри, се направи збрка во коефициентите. Со најавата за ново зголемување на минималната…

Read More

Минатата година во ЕУ се примени околу 966.000 барања за меѓународна заштита, што е зголемување од 50 отсто во однос на 2021 година, според податоците на Европската агенција за азил објавени денеска. Бројот на апликации ги вклучува и пријавите поднесени во Швајцарија и Норвешка. Тоа е најголем број од 2016 година, а најмногу апликанти доаѓаат од Сирија (132.000), Авганистан (129.000) и Турција (55.000). Значителен број апликации беа пријавени и од државјани на Венецуела (51.000), Колумбија (43.000), Бангладеш (34.000), Грузија (29.000), Индија (26.000), Мароко (22.000), Тунис (21.000) ), Египет (15.000), Молдавија (8.300). Агенцијата прецизира дека зголемувањето на бројот на апликации се…

Read More

Пишува БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ Собранието најверојатно до крајов на неделата сепак ќе му даде зелено светло на новиот кабинет на Ковачевски. Интересно е да се види колку гласа ќе застанат зад оваа нова влада но тоа, како стојат работите, нема да биде во согласниот со очекувањата на премиерот кој во оваа авантура влета со надеж дека ќе добие мнозинство кое се доближува до двотретинското мнозинство. Според сите очекувања,  новата влада ќе има само нешто повеќе гласа од минималните 61 кои се далеку од доволно за да се постигне очекуваниот ефект на целата операција за испраќање порака дека во овој мандат владата…

Read More

Синдикалната организација на МАНУ информира дека штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ сè уште трае и повремено ќе се штрајкува и пред зградата на МАНУ. „Раководството на МАНУ досега не презеде конкретни чекори и продолжи со игнорантски однос кон решавањето на проблемот со навредливо ниските плати и покрај ветувањето за одржување вонредна седница на Претседателството на МАНУ во врска со ова прашање. Повторно потенцираме дека проблемот со недостоинствено ниските плати на овие вработени не е возможно да се реши без измени во Законот за МАНУ во делот за плати“, се наведува во денешното соопштение од…

Read More

Претседавачот со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и министер за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Стразбур пред Комитетот на министри на Совет на Европа  ќе ја презентира програмата на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ. Министерството за надворешни работи најави дека Османи ќе има средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ, со која ќе разговараат за заедничката работа на ОБСЕ и Советот на Европа, во насока на  воспоставување на стабилноста и безбедноста врз основа на демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права во Европа. „Исто така, Османи ќе се осврне и…

Read More