Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По наодите за бактериска инфекција кај починатата пациентка, операциските сали во болницата во Прилеп остануваат затворени

0
By Ана Василевска on February 22, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 22, 2023 14:10

Седми ден се затворени операциските сали во гинеколошкото, хируршкото и ортопедското одделение во прилепската болница. Минатата недела 52-годишна пациентка по интервенција на гинеколошкото одделение и по компликации, по еден ден е препратена на скопските клиники каде починала. Од четвртокот се затворени салите, а во петокот Државниот санитарен и здравствен инспекторат направил вонреден инспекциски надзор по информации од прилепскиот Центар за јавно здравје.

Од Министерството за здравство, а и од Комисијата за интрахоспитални инфекции при болницата потврдија дека во примерок на хемокултура од починатата пациентка е пронајдена бактеријата стафилоколус епидермидис. Пријавена е интрахоспитална инфекција.

„Од земениот примерок за хемокултура во ЈЗУ Центар за јавно здравје-Прилеп е добиен позитивен изолат на Staphylococcus epidermidis. Пријавена е интрахоспитална инфекција. Во ЈЗУ ОБ со проширена дејност „Борка Талески“-Прилеп се затворени операциските сали од 16 февруари. Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор на ден 17.2.2023 по добиена информација од ЦЈЗ-Прилеп. Причините за смртта сè уште не се познати. Се чека извештај од патоанатомскиот наод. Телото е предадено за обдукција на Институт за патологија. Од одделението за епидемиологија на Центар за јавно здравје Прилеп извршен е епидемиолошки увид по појава на случај на пациентка кај која е извршена интервенција на одделот за гинекологија после кој се јавиле симптоми на сепса. Земени се примероци од нежива средина, испироци од раце на вработен здравствен персонал, извршени се вонредни здравствено-хигиенски прегледи, по што е препорачано затворање на операциските сали до добивање на резултатите од земените примероци. Итните хируршки интервенции се вршат во блиските регионални болници“, стои во информацијата од Министерството за здравство.

Се огласи и Комисијата за интрахоспитални инфекции при прилепската болница.

„Кај пациентката по протокол се земени три последователни хемокултури од кои во првата хемокултура е најдено присуство на Staphylococcus epidermidis, а останатите две се негативни. По протокол уште пред добивањето на наодот од Микробиологија емпириски е отпочната комбинирана антимикробна терапија која беше соодветна на добиениот антибиограм од првата хемокултура. Наодот им беше соопштен на Клиниките на терцијарно ниво каде пациентката беше трансферирана и на кои беше ординирана и проширена соодветна антимикробна и останата терапија. Се чека обдукцискиот наод од Институтот за патологија“, соопшти Комисијата.

Операциските сали во болницата во Прилеп остануваат затворени додека Комисијата за интрахоспитални инфекции не ги заврши сите испитувања. Од прилепскиот Центар за Јавно здравје очекуваат до петок да бидат готови резултатите од бројните примероци земени од салите и од персоналот. Засега само се знае дека бактеријата е пронајдена во примерокот за хемокултура од пациентката која почина на скопските клиники, а за причините за нејзината смрт ќе се чека обдукцискиот наод.

Бактериска инфекција Болница Прилеп операциона сала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.