Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи за покачувањето на просечната плата: Ветеното го реализираме

0
By Ана Василевска on February 22, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 22, 2023 14:52

Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната плата исплатена во декември 2022 година изнесува 34.364 денари, што за 14.8 отсто повеќе споредено со истиот месец од 2021 година.

Потпретседателот Фатмир Битиќи денеска на својот фејсбук профил објави преглед на покачувањето на просечната плата во последните 10 години.

„Заводот за статистика во денешното соопштение вели дека просечната плата изнесува 34.364 денари, со што година дена порано, се реализира програмската цел од парламентарните избори 2020 година дека ќе постигнеме раст на просечната плата од 34.000 денари или покачување од 30%. Како што можете да видите на графиконот подолу, веќе сме на 28% зголемување за овие 2,5 години. На истиот графикон можете да го следите и трендот на зголемување за 5 години, од 2012 до 2017 година има зголемување од само 11%, а во годините 2017 до 2022 година од 44% или во апсолутен износ од 10.514 денари, владата предводена од СДСМ за 4 пати повеќе ја зголемила просечната плата што значи зголемен домашен буџет кај нашите граѓани.

Како вицепремиер за економски прашања изгласан на парламентарните избори до 2020 година, односно некој на кој му е дадена доверба и одговорност да се грижам за економскиот раст и развој и животен стандард на моите сораѓани е важно што кога го гледам периодот од 10 години, односно од 2012 до 2022 година, просечната плата е порасната за 12.895 денари, но од овие 10 години, само во периодот од јуни 2020 до декември 2022 имаме пораст од 7.497 денари, што е скоро 60% од вкупното зголемување за 10 години.

Бројките го покажуваат трендот и тука сме јасни и кога некој викаше дека ова се недостижни цели, покажавме дека тоа не е така. Затоа, не треба да се плашиме и треба да веруваме во своите потенцијали и да работиме да ги реализираме. Продолжуваме понатаму со креирање на Националната развојна стратегија, да поставиме заедно јасни и просперитетни цели за следните 10 или 20 години, цели кои ќе не доведат до посакуваниот развој. Заедно, за нашата татковина.“ – напиша Битиќи

економски раст плата Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.