Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сè уште трае штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ

0
By Ана Василевска on February 22, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 22, 2023 10:31

Синдикалната организација на МАНУ информира дека штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ сè уште трае и повремено ќе се штрајкува и пред зградата на МАНУ.

„Раководството на МАНУ досега не презеде конкретни чекори и продолжи со игнорантски однос кон решавањето на проблемот со навредливо ниските плати и покрај ветувањето за одржување вонредна седница на Претседателството на МАНУ во врска со ова прашање. Повторно потенцираме дека проблемот со недостоинствено ниските плати на овие вработени не е возможно да се реши без измени во Законот за МАНУ во делот за плати“, се наведува во денешното соопштение од Синдикалната организација на МАНУ.

Доколу и понатаму се игнорира овој проблем и раководството на МАНУ итно не преземе соодветни чекори, Синдикалната организација на МАНУ најавува дека ќе одржи прес-конференција на која подетално ќе ја запознае јавноста со причините за штрајкот и за насобраното повеќегодишно незадоволство кај овие вработени, а за што и усно и писмено се запознаени членовите на МАНУ.

Првпат во 56-годишното постоење на МАНУ, членовите на Синдикалната организација на Академијата, во која членуваат вработените во Секретаријатот и стручните единици, на 9-ти февруари годинава стапија во штрајк.

МАНУ Синдикат штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.