Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три сценарија за македонската политичка драма

0
By Ана Василевска on February 22, 2023 ВЕСТИ, КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
Борјан Јовановски
Борјан Јовановски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 22, 2023 11:00

Пишува БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ

Собранието најверојатно до крајов на неделата сепак ќе му даде зелено светло на новиот кабинет на Ковачевски. Интересно е да се види колку гласа ќе застанат зад оваа нова влада но тоа, како стојат работите, нема да биде во согласниот со очекувањата на премиерот кој во оваа авантура влета со надеж дека ќе добие мнозинство кое се доближува до двотретинското мнозинство.

Според сите очекувања,  новата влада ќе има само нешто повеќе гласа од минималните 61 кои се далеку од доволно за да се постигне очекуваниот ефект на целата операција за испраќање порака дека во овој мандат владата ќе може да ги испорача посакуваните измени на Уставот кои ќе и обезбедат влез во втората фаза на преговарачкиот процес.

Задоволен нема да биде ни Мицкоски кој по кој знае кој пат ќе треба да се соочи со фактот дека нема ништо од неговото најавувано ново парламентарно мнозинство. Двајцата, Ковачевски како и Мицкоски ќе излезат поразени од целата ситуација но најголема жртва ќе биде државата која до средината на наредната година ќе мора да живее во стресот од растечката поларизација меѓу двата најголеми политички блока во Македонија.

Сите против блокаторите на европската интеграција

Во немоќ да ги обезбеди промените на Уставот и да ги седне во собата за преговори веднаш по завршувањето на скринингот кон крајот на годината, владејачкото мнозинство ќе се подготвува за создавање на силен проевропски политички блок кој би настапил заеднички на претстојните претседателски избори . Тоа значи СДСМ, некои помали етнички македонски политички партии и сите етнички албански политички партии да се обединат против ВМРО ДПМНЕ и Левица кои во случајов би биле посочени како блокатори на европската интеграција и како такви антиевропски .

Разбирливо ВМРО ДПМНЕ нема да ја прифати играта на про и анти ЕУ и веќе од сега, ако ја следите растечката антиалбанска реторика на некои високи претставници на оваа партија, започнува да ја шири тезата дека СДСМ им ја предава државата на Албанците.

Тоа е јасен показател дека ВМРО ДПМНЕ изборната кампања сака да ја води на “патриотски” терен кој ќе значи борба за националните интереси на Македонците наспроти оние на Албанците- проверен рецепт со силен потенцијал за подигање на меѓуетнички тензии. Опасна игра која можеби на ВМРО ДПМНЕ би им донела победа во 2024 заедно со Левица да стигнат до 61 глас,  и можеби привлекување на помал етнички албански сојузник како Беса на кој нема да му биде лесно во такво друштво со оглед на јасната определба на албанското гласачко тело да се обезбеди ефективен преговарачки процес со ЕУ.

Како и да е, една таква Влада тешко е да се очекува да влезе во операција на измена на Уставот што значи дека Македонија ќе остане во сивата балканска зона заедно со Косово и Босна. Во актуелните геополитички околности  во Европа таква Влада е сигурен рецепт за нов циклус на длабока политичка криза и стагнација на општеството, освен ако не се случи чудо па Мицкоски од таа позиција како премиер да иницира промена на Уставот изложен на силен притисок од меѓународните фактори.

СДСМ пак, очекува дека граѓаните на изборите сепак ќе застанат зад проевропскиот политички блок со што би обезбедиле нов мандат за владата и претседателот. Во тие калкулации на СДСМ , Мицкоски би бил изложен на притисок внатре во партијата по што би се случиле промени кои ВМРО ДПМНЕ  ќе го позиционираат како проевропска десница која би ги подржала уставните измени.

Широка коалиција

Третата опција која е во оптек е формирање на широка коалиција во која ќе се соберат сите на купче. Во тие констелации ВМРО ДПМНЕ би се согласило да ги подржи уставните измени и на таа Влада да и даде 8 години мандат за преговори со ЕУ. Во меѓувреме би се менувале премиерите во зависност од изборните резултати во изборните циклуси во тие 8 години. Оваа широка коалиција би требало да го издише балонот на актуелната неподнослива поларизација и да ги фокусира општествените ресурси на реформскиот процес кој ќе се наложи во преговарачкиот процес.

Ова сценарио делува привлечно и звучи прагматично и рационално и во интерес на интересите на граѓаните. Но…ние не сме Германија со културата на германската политичка елита која кога на Германија и се закани пораст на екстремната десница демохристијаните и социјалдемократите седеа заедно во Влада во два мандата.

Недовербата и нетрпеливоста во оваа фаза меѓу двете најголеми партии е огромна за да може да се замисли дека девет партии ќе владеат заедно надминувајќи ги сопствените тесни партиски интереси и суети. Се разбира ваквата комбинација е големо прашање дали ќе се фокусира на граѓанскиот интерес и реформите или ….ќе влезе во дил за меѓусебно амнестирање од криминалните активности и комотно делење на тендери. Големо прашање за ваквата комбинација во македонското политичко културолошко милје е кои ќе бидат гаранциите за обезбедување на независни механизми кои ќе ја контролираат работаат на една ваква широка коалиција.

Пред нас е интересна пролет која сама по својата природа симболизира ново раѓање..нов животен циклус но за жал познавајќи ги капацитетите на актуелните политички играчи мала е надежта дека симболиката на пролета важи и за граѓанството паднато во длабока апатија поради отсуство на било каква визија која во чиј центар е општествениот интерес.

албански блок Влада ВМРО-ДПМНЕ Левица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.