Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер најави дека привремено ќе бидат обновени проверките на сите граници на Германија за време на Европското фудбалско првенство летово. „За времетраењето на првенството привремено ќе вршиме проверки на сите германски граници за да спречиме влез на територијата на земјата на луѓе склони кон акти на насилство“, рече Фесер во интервјуто објавено денеска во „Рајнише пост“. Според неа, мерката е неопходна за да се обезбеди најдобра можна заштита на важниот меѓународен настан. „Акцентот ќе биде ставен на заштитата од екстремисти, хулигани и други сторители на насилни акти, важен фокус ќе биде и безбедносната мрежа…
Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, донеодамнешниот швајцарски министер за внатрешни работи Ален Берсет и поранешниот естонски министер за култура Индрек Сар се тројцата кандидати за нов генерален секретар на Советот на Европа, соопшти денеска Комитетот на министри на оваа паневропска организација. Новиот прв човек на Советот на Европа треба да биде избран од страна на Парламентарното собрание на Организацијата во јуни. Рејндерс е еврокомесар за правда од декември 2019 година, на која должност дојде од местото белгиски министер за надворешни работи, функција што ја извршуваше од декември 2011 година во влади на тројца премиери. Пред тоа, од јули 1999 до…
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска го посетил Одделот за криминалистичка полиција каде остварил средба со раководството на оваа организациска единица, со цел да се сумираат резултатите од изминатиот период, соопштија од МВР. Бојмацалиев бил брифиран за работата на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Секторот за општ и насилен криминал во рамки на овој Оддел. Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, согласно своите надлежности, се наведува во соопштението, активно преземал мерки и активности, согласно утврдените цели и приоритети, како и врз основа на веќе воспоставените оперативни акции,…
На вчерашната средба на двајцата преговарачи од Косово и Србија во Брисел, за српскиот динар во Косово, не беше постигнат напредок. Следната средба се очекува да се одржи на 4 април. Во Советот за безбедност на Обединетите нации, САД, Франција и другите западни земји беа воздржани од гласање, со што беше оневозможено воведување на темата за воената интервенција на НАТО против поранешната Сојузна Република Југославија пред 25 години, што беше предлог на Русија, пишуваат косовските медиуми. Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот. КОСОВО ДВ: Нема напредок во дијалогот за…
„Ние на почетокот го искачивме растот на економијата на над 3%, меѓутоа мораме да признаеме дека во државата имаше корона криза, исто како што и во целиот свет. Потоа започна енергетската криза и војната во Украина. Вие ако ги погледнете стапките на раст во ЕУ, тие сите дојдоа, германската економија влезе во рецесија, каде што ние сме поврзани со 50%. И другите економии имаат стапки на раст кои што под 1%. Војната во Украина не е пресметана во процентите, бидејќи војната во Украина вие знаете што направи на енергетскиот пазар и во делот на инфлацијата. Но, и јас сум тука…
Пишува: ЕРОЛ РИЗАОВ Зошто партиите непотребно прават предизборни програми, принудени да лажат, кога имаат готова програма? Треба само да се договорат како да ја спроведат, а тоа не е возможно меѓу патриоти и предавници. Со воодушевување ги прочитав клучните проекти од списокот на желби на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мистично насловени како „Платформа 1198“. Во наредните четири години нѐ очекуваат големи достигнувања и успеси, саде убавини и остварени соништа за подобар, побогат, побезбеден и подостоинствен живот. Се разбира, тоа може да се случи единствено по големата изборна победа што веќе е извојувана и треба уште само да се потврди на 8 мај, кога целата власт во земјата…
На иницијатива на грчката опозициска партија ПАСОК и претседателот Никос Андрулакис се очекува во текот на денот во Парламентот да биде доставен предлог за гласање недоверба на Владата на Нова демократија, предлог што ќе биде поддржан и од други опозициски партии, јави дописничката на МИА од Атина. Предлогот за недоверба на Владата доаѓа по текстот во весникот „То вима“ според кој разговорите меѓу одговорните на железничките станици на денот на железничката несреќа кај Темпи на 28 февруари 2023 година, објавени тогаш во медиумите биле монтирани за, веројатно, да се зајакне тврдењето дека причината за судирот на двата воза е човечка…
Владата денеска ќе одржи свечена седница по повод годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО. Со седницата ќе претстава техничкиот премиер Талат Џафери, најавија од владината прес-служба. Деновиве се одбележуваат четири години од членството на Северна Македонија во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата.
Посетителите и персоналот на трговско-забавниот центар „Мозаик“, во југоисточниот дел на Москва, се евакуирани поради анонимна закана за поставена експлозивна направа, изјави за руската државна новинска агенција, претставник на Итната служба на главниот град. „Анонимен повик со закана за бомба имаше во трговскиот центар „Мозаик“ на улица Кожуховскаја бр. 7, зграда 9“, рекол соговорникот на руската агенција. Според него, при безбедносната проверка сите посетители и персоналот биле евакуирани од зградата. Претходно, како што јави рускиот портал Маш, поради закана за поставени бомби денеска во Москва се евакуирани 700 лица од болницата „Пирогов“, во која се сместени настраданите од терористичкиот напад…
УНИЦЕФ го поздравува донесувањето на новиот Закон за правда за деца, кој беше и официјално објавен во Службениот весник. Законот беше усвоен од Собранието без никакви приговори, што укажува на меѓупартиската посветеност кон тоа секое дете во ризик, во контакт или судир со законот во земјата, да има рамноправен пристап до фер правосуден систем кога неговите права ќе се прекршат или ќе се одречат. Клучните подобрувања воведени со овој закон имаат за цел да го потврдат принципот на најдобар интерес на детето во сите одлуки за децата коишто ќе дојдат во контакт со правосудниот систем. Освен тоа, во Законот се…
Советот на ЕУ денеска одлучи да го продолжи режимот на рестриктивни мерки кон лица кои со своите постапки ги загрозуваат суверенитетот, интегритетот и безбедноста на Босна и Херцеговина за уште две години до 31 март 2026 година, јави дописникот на МИА од Брисел. Со ваквата одлука Европската Унија ќе може да воведува санкции кон поединци или субјекти кои ги поткопуваат суверенитетот, територијалниот интегритет, уставниот поредок и меѓународниот карактер на Босна и Херцеговина и кои сериозно ја загрозуваат безбедносната состојба во земјата или го поткопуваат Дејтонскиот мировен договор. На санционираните опфатени со овој режим им е замрзнат имотот во ЕУ и…
Актуелниот претседател и кандидат на СДСМ и коалицијата на претстојните претседателски избори Стево Пендаровски ќе биде прв на листата за претседателските избори што се закажани на 24 април. Втора е Гордана Силјановска Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, трет е Стевчо Јакимовски од ГРОМ. На четврта е Бујар Османи од ДУИ, петта е Билјана Ванковска Цветковска од Левица, шести е Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и Европскиот фронт и седми е Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ. Редоследот на кандидатите за претседатели беше утврден на денешното жребување што се случи на седница на Државната изборна комисија во присуство на претставници…