Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рејндерс, Берсет и Сар кандидати за нов генерален секретар на Советот на Европа

0
By Ана Василевска on March 26, 2024 СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 26, 2024 11:11

Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, донеодамнешниот швајцарски министер за внатрешни работи Ален Берсет и поранешниот естонски министер за култура Индрек Сар се тројцата кандидати за нов генерален секретар на Советот на Европа, соопшти денеска Комитетот на министри на оваа паневропска организација.

Новиот прв човек на Советот на Европа треба да биде избран од страна на Парламентарното собрание на Организацијата во јуни.

Рејндерс е еврокомесар за правда од декември 2019 година, на која должност дојде од местото белгиски министер за надворешни работи, функција што ја извршуваше од декември 2011 година во влади на тројца премиери. Пред тоа, од јули 1999 до декември 2011 тој беше министер за финансии на Белгија. Од декември 2018 до ноември 2019 паралелно со должноста шеф на дипломатијата, беше и министер за одбрана.

Тој веќе беше кандидат за генерален секретар на Советот на Европа во 2019 година, но загуби од актуелната шефица на Организацијата, Марија Пејчиновиќ Буриќ. Рејндерс е член на белгиското франкофонско либерално Реформистичко движење (МР).

Берсет беше федерален министер за внатрешни работи на Швајцарија од јануари 2012 до почетокот на оваа година, во кој период во два наврати, во 2018 и во 2023 година, беше и претседател на Швајцарската Конфедерација. Берсет е член на Социјалдемократската партија на Швајцарија (СП/ПС).

Сар, пак, беше министер за култура на Естонија од април 2015 до април 2019 година, по што беше пратеник во естонскиот Парламент до минатата година. За време на пратеничкиот мандат тој беше и член на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Од напуштањето на министерската функција, па до февруари 2022, Сар беше лидер на естонската Социјалдемократска партија (СДЕ).

Според извори во Европската комисија, засега е не јасно дали доколку биде избран на новата функција, Рејндерс дали уште веднаш ќе го напушти местото еврокомесар или ќе го истурка мандатот до неговиот крај во текот на доцната есен.

Инаку, актуелниот мандат на Пејчиновиќ Буриќ истекува во септември.

Доколку реши да се повлече пред истекот на мандатот, Рејндерс би бил третиот член на Комисијата на Урсула фон дер Лајен кој би го сторил тоа, откако лани извршното тело на ЕУ го напушти еврокомесарката за иновации, истражување, култура, образование и млади Марија Габриел за да ја преземе должност бугарска вицепремиерка и министерка за надворешни работи, а по неа тоа го стори и извршниот потпретседател на ЕК за Зелениот договор и еврокомесар за климатска акција Франс Тимерманс, за да биде кандидат за холандски премиер на Лабуристичката партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ).

Совет на Европа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.