Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Собранието на Црна Гора ќе иницира постапка за утврдување дали претседателот на државата Мило Ѓукановиќ го прекршил Уставот кога не му го врачил мандатот за состав на нова влада на Миодраг Лекиќ, јави агенцијата МИНА. Парламентот вчера со гласовите на 41 пратеник ја усвои иницијативата за покренување постапка со која треба да се утврди дали Ѓукановиќ го прекршил Уставот. Претседателката на Собранието, Даниела Ѓуровиќ, изјави дека барањето ќе биде доставено до Уставниот суд, кој ќе донесе конечна одлука дали претседателот на државата го прекршил Уставот или не. Во иницијативата се наведува дека по изгласувањето недоверба на 43-та влада на 19…
Џорџ Сантос, новоизбраниот републикански член на Конгресот на САД, призна дека за време на кампањата за место во Претставничкиот дом лажел за своето образование и работно искуство. Сантос сепак рече дека има намера да ги исполни ветувањата што ги дал за време на кампањата. Џорџ Сантос кој во ноември беше избран за член на американскиот Конгрес, во интервјуто за „Њујорк Пост“ се извини затоа што лажел за делови од неговата биографија, признавајќи дека не го завршил факултетот. „Моите гревови ја разубавуваат мојата биографија. Жал ми е“, изјави новоизбраниот конгресмен кој во наредните две години ќе ја претставува државата Њујорк во Претставничкиот…
ДаноциВицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска на прес-конференција информира дека собраните пари од данокот за екстра профит, кој би се вовел еднаш, само за 2022 година, ќе се користат за справување со кризата. „Не ги добиваме овие пари за што било. Ќе ги користиме за справување со кризата. На крајот на денот можеби ќе ги користиме токму за поддршка на инвестиции на компаниите за да им помогнеме во нивните напори за справување со криза“, рече Битиќи. Овој данок, како што појасни, ќе се однесува само за профитот остварен годинава и е поголем од четиригодишниот просек, а со него…
Во Армијата на Република Северна Македонија денеска се приклучија 200 нови професионални војници на кои решенијата за работа им ги додели министерката за одбрана Славјанка Петровска на свечена церемонија во касарната „Илинден“ во Скопје. Министерката упати честитки и изрази задоволство што младите војници одлучиле да и служат на татковината. „Бидете горди затоа што станувате дел од институција која е најпочитувана, најценета институција која својот углед го има изградено затоа што секогаш и секаде била прва во помошта на нашите граѓани, силна опремена модернизирана армија способна да одговори на сите предизвици, тоа е армијата на РСМ. Денес е институција која ужива…
Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХХР) евидентираше 17.831 цивилна жртва во Украина до 26 декември, вклучувајќи 6.884 убиени и 10.947 повредени од почетокот на руската инвазија од големи размери на Украина, во ажурираниот извештај за цивилни жртви објавено во вторник, 27 декември. Повеќето од регистрираните цивилни жртви биле предизвикани од употреба на експлозивно оружје со ефекти на широк простор, вклучувајќи гранатирање од тешка артилерија, повеќекратни ракетни системи за лансирање, проектили и воздушни напади. ОХЦХР верува дека вистинските бројки се значително повисоки, бидејќи приемот на информации од некои локации каде што се водат интензивни непријателства е одложен и многу…
Како последица на коронавирусот, Јапонија денеска евидентираше 415 смртни случаи, што е најмногу во таа земја за еден ден од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на јапонското Министерство за здравство. Во Јапонија, денеска се потврдени 216.219 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е за четири отсто повеќе од една недела порано, соопшти Министерството. Така, бројот на новозаразени се приближува до рекордното ниво од околу 260.000 случаи на дневна основа, колку што имаше во август. Во изминатите седум дена, Јапонија имаше најголем број потврдени случаи на инфекции со Ковид-19, а земјата имаше втор најголем број смртни случаи по САД, покажуваат…
На редовното Изборното Собрание на Здружението МНК ИКОМ, одржано на ден 26.12.2022 година во НУ Музеј на Република Северна Македонија, за претседател на МНК ИКОМ е избран Благоја Варошанец (НУ Музеј на современата уметност-Скопје, за секретар Ана Вишинова (НУ Музеј на македонската борба за самостојност-Скопје), и за членови на Извршниот одбор Страхил Петровски (НУ Национален конзерваторски центар Скопје), Наде Геневска Брачиќ (НУ Завод и Музеј Битола) и Валентина Тодороска (НУ Археолошки музеј на Р.Северна Македонија), а за Претседател на Собрание на МНК ИКОМ е избрана Ирена Колиштркоска Настева (археолог-пензионер), со мандат од 2023-2025 година. Меѓународниот совет на музеите (ИКОМ) со седиште во Париз…
Рускиот претприемач и пратеник Павел Антов – познат како најбогатиот државен службеник во Русија – e уште еден критичар на Путин кој „падна низ прозор“ и го загуби животот. Антов беше пронајден мртов на Бадник додека бил на одмор во Индија. Властите соопштија дека наводно паднал од прозорецот на неговиот хотел. Антов, кој своето богатство го стекна преку фабрика за преработка на месо, штотуку го прослави својот 65-ти роденден во хотелот. Во јуни, руските медиуми објавија порака на WhatsApp на Антов во која тој го нарекува ракетниот напад врз Украина „тероризам“. Тој потоа ја избриша пораката и тврдеше дека е…
ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Во завршницата на 2022 година ни се заканува сериозна поплава предизвикана од крокодолски солзи од пуста севда по мечкина љубов. Оваа појава не и е непозната на нашата јавност, но овој пат емоцијата и фреквенцијата на нејзиното изразување заслужува посебно внимание. Токму заради тоа во оваа прилика ќе се осврнеме на три од најпромиментните примероци на причинетелите на овој дожд од крокодилски солзи по мечката. Првото место, секако, му припаѓа на младиот комсомолец со брада, лидерот на Левица Димитар Апасиев, кој без да наведе ниту еден аргумент изјави дека македонскиот народ е проруски и дека Левица само го…
Пишува АНА ВАСИЛЕВСКА Дали наспроти пополнувањето со малтер на дупките меѓу пукнатините на циглите во образовниот ѕид, некој ќе ја препознае вистинската архитектурата потребна за да изградиме цврсти темели за модерна надградба и за солидно образувани генерации, за која секако нема учебник? Во второто полугодие, второодделенците ќе добијат учебници по математика и општество, најави министерот Јетон Шаќири. Оваа вест треба да ја дочекаме со радост и истовремено таа да ги покрие сите пропусти направени минатото полугодие. Со среќа, и да се надеваме дека нема да има погрешни равенки и државни симболи. Но, тоа што во новите учебници минатото полугодие беа…
Во Клуб на пратеници денеска се одржа првата јавна расправа за новиот Предлог закон за работни односи, со што воедно започна серијата јавни расправи кои ќе се одржуваат во повеќе градови во државата во текот на месец јануари и февруари, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Оттаму известуваат дека социјалните партнери денеска дискутирале за досегашните предлози дадени изминатиов период, во кој сите страни имале можност да дадат предлог или коментар со цел креирање на квалитетно законско решение. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во своето воведно обраќање ја истакнала потребата од изготвувањето на нов текст на законот, кој би содржел…
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се одржа 5. работна средба на Работната група за учество на Дијалогот Жан Моне во полн состав, на покана од претседателот на Собранието Талат Џафери, кој е и координатор на оваа Работна група. Како што информираат од собраниската прес-служба, на денешната средба на Работната група учествуваа потпретседателите на Собранието, Горан Мисовски и Хусни Исмаили, координаторите и претставниците на пратеничките групи од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ДУИ, НСДП, АЛТЕРНАТИВА, Алијанса за Албанците, БЕСА и претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања. На средбата беше присутен и надворешниот експерт, Јетон Шасивари и претставници од…