Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Собраните пари од данокот за екстра профит ќе се користат за справување со кризата

0
By Ана Василевска on December 28, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 28, 2022 12:33

ДаноциВицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска на прес-конференција информира дека собраните пари од данокот за екстра профит, кој би се вовел еднаш, само за 2022 година, ќе се користат за справување со кризата.

„Не ги добиваме овие пари за што било. Ќе ги користиме за справување со кризата. На крајот на денот можеби ќе ги користиме токму за поддршка на инвестиции на компаниите за да им помогнеме во нивните напори за справување со криза“, рече Битиќи.

Овој данок, како што појасни, ќе се однесува само за профитот остварен годинава и е поголем од четиригодишниот просек, а со него се очекува да се опфатат неколку илјади компании.

„Компаниите коишто евентуално ќе се опфатат со законот се сите компании кои имаат приход над 10 милиони евра во оваа година и кои имале одреден профит. Моделот е компаниите кои имаат приход над 10 милиони, ако нивниот просечен профит во последните четири години не е поголем од 12 отсто оваа година, тие нема да се опфатат. За симулација, компанија има просечен профит последните четири години од еден милион евра, оваа година му се дозволува раст од 20 отсто, тоа значи 1,2 милиони евра. До 1,2 милиони евра ќе имаат иста даночна стапка каква што имало и сега за данокот за добивка. Разликата од 1,2 милиони евра до евентуално новиот профит, којшто на пример е два милиони евра, односно на разликата од 800 илјади евра се пресметува 30 отсто данок на добивка само за оваа година, или дополнителни 240 илјади евра ќе бидат платени во име на данок на добивка“, рече Битиќи. 

Според вицепремиерот, целта не е да да казнат некого, туку сметаат дека праведноста и правичноста во секој даночен пристап треба да бидат клучни.

Антикризни мерки даноци Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.