Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Армијата примени 200 професионални војници

0
By Ана Василевска on December 28, 2022 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Министерката Славјанка Петровска им посака добредојде на новите војници во Армијата
Министерката Славјанка Петровска им посака добредојде на новите војници во Армијата
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 28, 2022 12:19

Во Армијата на Република Северна Македонија денеска се приклучија 200 нови професионални војници на кои решенијата за работа  им ги додели министерката за одбрана Славјанка Петровска на свечена церемонија во касарната „Илинден“ во Скопје.

Министерката упати честитки и изрази задоволство што младите војници одлучиле да и служат на татковината.

„Бидете горди затоа што станувате дел од институција која е најпочитувана, најценета институција која својот углед го има изградено затоа што секогаш и секаде била прва во помошта на нашите граѓани, силна опремена модернизирана армија способна да одговори на сите предизвици, тоа е армијата на РСМ. Денес е институција која ужива најголема доверба кај граѓаните и тоа е огромна чест а и обврска за сите да нас. За да успеете во таа цел не сте сами, Министерството за одбрана и Генералштабот се со вас. Нашата задача е да бидете добро опремени да работите во одлични услови, да имате ново и модерно вооружување, да имате плати кои одговараат на вашиот труд, енергија и знаење“, порача Петровска.

Новопримените војници, нагласи таа, сега се дел од НАТО семејството.

„Денеска вие станувате дел од нешто што е поголемо од сите нас, денеска вие сте дел од НАТО Алијансата која е безбедносен чадор за повеќе од една милијарда луѓе во светот. Вие сте сега НАТО војници,  ќе имате прилика да учествувате во НАТО обуките, да бидете дел од различни НАТО мисии и да ја покажете истата вештина и истото знање како и вашите колеги“, изјави министерката.

Информира дека Буџетот за  одбраната за 2023 година изнесува 274 милиони евра.

„Тоа се средства кои по различни основи се наменети за континуирано покачување на платите, надомест за станарина од првиот месец на стапување на должност, набавка на нова  софистицирана опрема, надоместоци за зголемено учество на мисии, поддршка за вежби“, појасни министерката.

Викторија Јовановска, која е една од новопримените војниците истакна дека и е чест и задоволство да ја носи униформата и да им служи на граѓаните.

„Чест и задоволство е да се носи оваа униформа, голема мотивација ми беше во 2019 да служам добролволно воен рок. Ги мотивирам сите млади да дојат да служат и да се вработат поради тоа што оваа униформа е чест и заедно сме за сите граѓани понатака. Огромна чест е и не секој може да ја носи оваа униформа. Тука сме да служиме на граѓаните и на државата“, изјави Јовановска.

Јавниот оглас за прием на новите професионални војници на служба во Армијата беше објавен во септември годинава. Согласно новите законски измени за служба во Армијата, идните професионални војници од моментот на склучување договор ќе земаат почетна плата над 25.000 денари со дополнителни над 9.000 денари – средства  за станбено обезбедување од 1 јануари 2023 година.

 

Армијата НАТО Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.