Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Продолжува долгиот период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. По котлините и тоа особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност, со што и температурите преку ден ќе останат пониски, информира синоптичарот Славчо Бубевски. Како минималните, така и максималните дневни температури во следните денови ќе бележат тенденција на пораст и ќе бидат натпросечно високи, односно максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени. И во Скопје продолжува стабилното и суво време. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6…
Министерството за култура и Министерството за локална самоуправа постапиле по заложбите на Владата во однос на прашањето за надлежноста на Универзалната сала. Министерката Бисера Костадиновска Стојчевска денеска кажа дека е испратена информација до градоначалничката Данела Арсовска за тоа до каде е состојбата со Универзалната сала и дали воопшто има некакви активности. „До ден денеска немаме добиено никаква повратна информација. Морам да апелирам и да напоменам дека Град Скопје е влезен во најтесниот круг за добитник за наградата „Европска престолнина на културата“ за 2028 година и апелирам овој проблем со Универзална сала, бидејќи токму Универзална сала се јавува како апликант на…
Лидерката на бугарските социјалисти Корнелија Нинова во Народното собрание изјави дека претседателот на Бугарија го предал левичарскиот народ во нејзината земја, јави дописникот на МИА од Софија. Повод за нејзината изјава беше указот на претседателот Румен Радев за обезбедување бугарска воена помош за Украина. Нинова рече дека Радев му должи објаснување на бугарското општество на оваа тема. Таа праша зошто Радев ризикува да ја вовлече Бугарија во војната во Украина. Корнелија Нинова рече дека претседателот Радев го предал левичарскиот народ во Бугарија, кој е за мир и во неговите две изборни кампањи за претседателските избори го предложиле и гласале за…
Вкупниот Предлог-буџет на Министерството за култура за следната година изнесува 61,6 милиони евра, при што фокусот е ставен кон две цели – грижа за постоечкото културно историско наследство и отворање перспективи за развојот на културата. Исто така, следната година ќе бидат основани три нови национални установи, информираше денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој на денешната прес-конференција во Владата посочи дека со владина одлука во 2023 година ќе бидат основани три нови национални установи – Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес во Смилево, Камерен оркестар на Битола и Музички театар во Тетово. „Оваа Влада се води од определбата дека какви и да се предизвиците и каква…
Пишува: Ана Василевска „Беше 5 – ти јануари кога се преселив во Тирана, тој ден врнеше топол медитерански дожд. Живеев во хотел, барав стан, барав простор за нашиот Културно информативен центар. Тргнав од нула. На 29-ти април 2021 година на мое големо задоволство, ја закачив таблата на која пишува ,,Амбасада на Република Северна Македонија,, – Културно информативен центар. Од навидум далечна визија и речиси невозможна мисија, денес модерната македонска култура вибрира во Тирина. Со децении, иако не раздвојуваше една езерска географска граница, едночасовно возење од Охрид до Албанија, културолошката размена беше милји далеку. Тој многугодишен културно информативен јаз секако не…
ПОЛАРЕН ВОРТЕКС и ДЛАБОКО ЗАМРЗНУВАЊЕ. Поларниот вортекс се спуштa кон Америка и Европа, предизвикувајќи брзо опаѓање на температурите во многу делови од северната хемисфера на планетата. Ова ќе биде историски студена зима. GreenCivil ги има деталите. Голем дел од Соединетите Американски Држави запаѓаат во климатска состојба што се нарекува „длабоко замрзнување“ (температури под нулата). Метеоролозите предвидуваат дека ова ќе биде најстудената зима во изминатите триесетина години. Во Денвер, Колорадо, температурата падна до минус 31 степен Целзус, најстудено време во изминатите 32 години. Поларниот вортекс (вител) веќе се спушти кон средината на Соединетите Држави, внесувајќи ужасно студен арктички воздух и предизвикувајќи…
(ВИДЕО) Мјузикл со музика на Вртев, во режија на Поплавска „Архангелот над Скопје“ на сцената на МНТ
Премиерно на сцената во Македонскиот народен тетар на 24 декември во 20 часот ќе биде изведен новиот мјузикл насловен „Архангелот над Скопје“ во режија на Наташа Поплавска, а автор на музиката, лириката и изведувач е Ристо Вртев, фронтменот на „Архангел“. Мјузиклот е во продукција на „Арт медиа“ а поддржан е од Министреството за култура. Анимациите се на Матиќ Дејан, кинематографер е Љуљзим Луиџи Бејта – Буцо а во мјузиклот играат: Нина Елзесер, Стефан Спасов, Јована Спасиќ, Антонио Ташковски, Ања Митиќ, Лазар Христов, Ана Грамосли, Гоце Андонов, Катерина Јовановиќ, Ведран Чешарек, Ана Јованoвска, Кире Ацевски, Мина Јелушиќ, Марија Талеска, Мартина Даниловска, Марко…
Изјавата на Гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска Бежоска за зголемена трговската размена меѓу Србија и Македонија од дури 20 отсто како резултат на иницијативата Отворен Балкан, само ја потврди исклучително позитивната ситуација на терен. За амбициозното придвижувањето во оваа насока сведочат и резултатите на нашите најголеми компании, кои за „Локално“ споделија бројки во однос на нивниот зголемен извоз. Така на пример, извозот на „Пекабеско“ во Србија во 2022 година има количински раст од 27% и тоа благодарејќи на погодностите и олеснувањата кои беа добиени со потпишување на договорот за полесен премин на границите во рамките на Отворен Балкан. „Се олеснија…
Искривената православна вера (т.е. црковно кажано ереста) „стана основа на идеологијата на режимот на Путин“. Ова е главната теза на големиот програмски говор, произнесен од Вселенскиот (Константинополски) патријарх Вартоломеј (Архондонис), „првиот по чест“ јерарх во светското православие, пишува „Greek reporter“. Тој ги произнесе овие силни зборови на конференцијата за меѓународна политика што се одржува минатата недела во Абу Даби, како платформа за презентирање на деталниот план за разрушување на глобалната структура на Руската православна црква, која е цврсто споена со режимот на Путин и се подготвува да ја сподели неговата историска судбина. (Тоа е еден вид „Валдај“ клуб, возглавен од раководителот…
КОХА: Србите на северот на Косово ќе протестираат против Курти и германскиот амбасадор Роде Таканаречениот кризен штаб на северот на Косово, формиран од локални Срби, ги покани граѓаните на протест што ќе се одржи во денес во Рудар, општина Звечан. Претставниците на овој штаб најавија дека организацијата на овој протест е поврзана со неодамнешните изјави за барикадите на премиерот на Косово, Албин Курти, кои ги сметаат за закана, како и на германскиот амбасадор во Косово, Јоерн Роде. Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за Гардијан пред неколку денови изјави дека отстранувањето на барикадите на север не може да ги исклучи жртвите. Дури и германскиот…
Предвидени се повеќе зафати во Заводот и музеј – Битола, меѓу кои и: реконструкција на музејскиот простор и поставување на постојана поставка; рехабилитација на страничниот влез на оваа национална установа; реконструкција на пациото лоцирано во Музејот и поставување лапидариум; поставување лифт во Музејот. Во Музејот на Стерјо Спасе во селото Глобочани во Пустец, Албанија, денеска официјално беше означен почетокот на реализацијата на проектот „SMART4YOU2“, кој е поддржан од програмата за прекугранична соработка на Европската Унија. Со буџет за проектот во износ од 1,2 милиони евра, во периодот од 30 месеци, ќе се работи на развивање на туристичките потенцијали на прекуграничниот…
Народен театар-Битола учествува на меѓународниот театарски фестивал „Денови на Јурислав Корениќ“ што се одржува во Сараево. Битолските актери Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Марија Стефановска и Здравко Стојмиров, утревечер во натпреварувачкиот дел од фестивалот ќе ја изведат претставата „Демони“ од Ларс Норен, во режија на Васил Христов. „Во Сараево продолжуваме со претставување на македонскиот и битолскиот театар во странство. Фестивалот има натпреварувачки карактер, а наградите ги доделува стручно жири во состав Јасна Жалица, Лариса Сарајлиќ-Рамовиќ, Аднан Лугониќ и Ален Шимиќ. Во конкуренција за награди се Народен театар-Подгорица, градскиот драмски театар „Гавела“ од Загреб, Народен театар-Тузла и актери од КЦ-Град од Србија.…