Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Придобивки од „Отворен Балкан“: Камиони полни со роба од македонско производство го освојуваат српскиот пазар

0
By Ана Василевска on December 22, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 22, 2022 16:58

Изјавата на Гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска Бежоска за зголемена трговската размена меѓу Србија и Македонија од дури 20 отсто како  резултат на иницијативата Отворен Балкан, само ја потврди исклучително позитивната ситуација на терен.

За амбициозното придвижувањето во оваа насока сведочат и резултатите на нашите најголеми компании, кои за „Локално“ споделија бројки во однос на нивниот зголемен извоз. Така на пример, извозот на „Пекабеско“ во Србија  во 2022 година има количински раст од 27% и тоа благодарејќи на погодностите и олеснувањата  кои беа добиени со потпишување на договорот за полесен премин на границите во рамките на Отворен Балкан.

„Се олеснија царинските процедури , а робата веќе  не чека за ветеринарни анализи кога ќе се увезе во Република Србија туку веднаш се пласира на пазарот. Тоа ја зголеми продажбата во 2022 година, па оттука  очекуваме истиот тренд да продолжи во следната година“, вели Анатол Кутревски од компанијата „Пекабеско“.

Позитивни реперкусии по извозните аранжмани  по стартување на мерките на Отворен Балкан регистрира и “Витаминка”, од каде што ја посочуваат потребата  од уште побрзо реализирање на чекорите за што поефикасна трговска размена.

„Србија, како земја и пазар е традиционален партнер на многу македонски компании и таму “Витаминка” има долгогодишни успешни активности и пред иницијативата Отворен Балкан.Сметаме дека во рамки на оваа иницијатива треба да се посвети поголемо внимание за брзо ефикасно инфраструктурно поврзување на земјите од Отворен Балкан, модернизација на граничните премини и драстично скратување на увозно/извозните и транспортни процедури’’, изјави за Локално, директорот на сектор извоз во „Витаминка“- Прилеп, Љупчо Велески.

Според Велески, сите активности кои се превземаат во регионот, а кои одат во насока на релаксација на меѓусебните односи, упростување на процедурите, модернизирање на инфраструктурното поврзување… делуваат позитивно врз економските процеси во регионот. Како спротивна ситуација го посочува затегањето и компликациите во односите кои делуваат дестимулативно и ги разделуваат  заедниците, пазарите и економските субјекти.

Покрај иницијативата Отворен Балкан, како особено позитивен пример во однос на економските последици, односно зголемувањето на извозот на компанијата,  Велевски го наведува договорот од Преспа.

„Договорот со Грција во голем дел ги отстрани или значајно ги намали претходните бирократски пречки и на некој начин анимозитетот кој постоеше кон производите со македонско потекло, па последните неколку години Витаминка ( а и многу други македонски компании) разви одлични извозни операции и партнерства со деловни субјекти од Грција, и грчкиот пазар е еден од нашите најважни, брзорастечки извозни пазари“, вели Велески.

Дека бенефитите од Отворен Балкан ги чувствуваат граѓаните говори и високото ниво поддршка од рекордни 82% од македонските граѓани, што е за седум процентни поени повеќе од поддршката пред една година кога изнесувала 75%, информираа од ИРИ.

Според амбицизоните планови на иницијативата Отворен Балкан, доколку работите се одвиваат според предвидениот тек, земјава наскоро практично нема да има граници со Албанија и со Србија. Целта е високо поставена- една економија, без царини, 100 % слободна трговија.

Најавено е отворање посебна лента за камиони, поврзување на министерствата за финансии на сите три земји преку единствен софтвер, зајакната соработка и поврзување на МВР-службите за спречување на корупција и криминал при транспортот, увозот и извозот, како и поврзување на младите преку заеднички престој во хотели во туристички центри како Драч, Охрид, Копаоник, Златибор, итн.

Во регион кој со години наназад беше обременет со меѓусебни конфликти и минато, „Отворен Балкан“ треба да биде  демонстрација на напредок што може да го постигнеме сами, единствено насочени кон иднината и подобрувањето на животниот стандард.

К.В.С. 

Извор Локално

Анита Ангеловска-Бежоска отворен балкан Позитивни реперкусии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.