Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се сретна со претставници на СОС детско село. На средбата од нивна страна беа презентирани резултатите од кампањата спроведена во текот на 2022 година во 23 општини „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“ која беше спроведена со цел промоција на важноста на згрижувањето како процес. Благодарение на овааа кампања забележани се нови семејства кои покажале интерес да бидат згрижувачи. Креирањето на систем кој ќе обезбедува соодветна заштита на секое дете подразбира развивање на згрижувачките форми според потребите на децата, затоа во следниот период фокусот ќе се стави на унапредувањето…
Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА Чобане врати се!,- покажува анктетата на ИРИ според која македонските граѓани довериле највисок политички рејтинг на Никола Груевски. Зошто воопшто во анкетната листа се нашло името на илегалецот од Будимпешта кој воедно е на црната листа на САД е друго прашање, но довербата што му ја дале граѓаните навистина е феномен за подлабока анализа. Анкетата дава и други интересни психолошко- социолошки сигнали –две третини од граѓаните (73 отсто) даваат поддршка на евроинтеграцијата, но истовремено силни симпатии негуваат и кон Турција и Кина. Во овие низа контраверзни размислувања што ги утврдува анкетата исто така е уверувањето дека најголем…
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос ја процени веројатноста Зинедин Зидан да ја води француската репрезентацијата. „Мислам дека Зидан не само што ќе биде добар наследник на Дешам, туку во принцип и најдобар можен. Прашањето е само што сака Дешам. Мислам дека шансите Зидан да биде назначен се 70:30“, изјави Крос на „MagentaTV“. Сегашниот селектор Дешам ја предводи француската репрезентација од 2012 година. Актуелниот договор на 54-годишниот Французин истекува на крајот на декември 2022 година. На Светското првенство 2022 година, Франција загуби од Аргентина во финалето по изведување пенали (3:3, 2:4).
На електронските адреси на 15 училишта во Скопје (13 средни и две основни) попладнево е упатена закана за поставена експлозивна направа, во дел од објектите веќе се завршени проверките и е утврдено дека станува збор за лажни пријави, информираат од Министерството за внатрешни работи. „Веднаш по добиените пријави до СВР Скопје, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Во дел од објектите се завршени проверките и утврдено дека станува збор за лажна пријава. Во останатите, проверките се во тек“, наведуваат од МВР.…
Придобивките и задоволството на граѓаните од првиот јавен повик кои ги користат овие социјални услуги ни беа мотив за вториот повик за доделување грантови за развој на социјални услуги на локално ниво, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на потпишувањето на договорите за грантови со претставници на избраните даватели на услугите и на општините. „Посветеноста и заложбата на МТСП, на општините и на давателите на услуги за проширување на опсегот на општини, а со тоа и на корисници на овие услуги како дел од проектот за подобрување на социјалните услуги денес се видливи во повеќе општини. Од…
Грчкиот суд денеска ги отфрли барањата за привремено одложување на издржувањето на затворската казна за поранешниот пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис и европратеникот Јанис Лагос и двајцата осудени на 13 години затвор, јави дописничката на МИА од Атина. На денешното 17-то рочиште беа присутни двајцата поранешни членови на Златна зора, кои се осудени за формирање и учество во криминална организација, а во нивниот исказ пред судот, бранејќи го барањето за суспензија доставено во средата, рекоа дека првостепената пресуда е политичка, а не правна. Поранешниот пратеник Касидиарис, кој сега има свој партија, тврдеше дека се соочува со истото со кое…
Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната итна седница одлучи да изврши работна посета во Апелациониот суд со цел да се констатира состојбата со предметите „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“ во смисла на почитување на законските рокови, преземените дејствија од страна на судијата и законитоста во одлучувањето во смисла на тоа дали учествувал судија кој што исполнил услови за старосна пензија. „Судскиот совет нема да навлегува во носењето на одлуката, меѓутоа, може да испитува дали учествувал судија кој што не смеел да учествува во одлучувањето и дали има сторено процесни повреди во текот на постапката, во смисла на одолговлекување…
Кремљ ги отфрли шпекулациите дека целта на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Минск е да ја убеди Белорусија, која штотуку ја тестираше подготвеноста на своите воени сили, да се приклучи во конфликтот во Украина. „Таквите предлози се „неосновани“ и „глупави“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Пред првата посета на рускиот претседател Владимир Путин на Минск по повеќе од три години, белоруското Министерство за одбрана објави дека извршило серија проверки на подготвеноста на своите вооружени сили. Неделните воени вежби и проверки ги зголемија стравувањата во Украина дека Белорусија, откако и дозволи на Русија да изведува воени акции…
Во пресрет на зимата граѓаните стравуваат од нов ценовен шок на електричната енергија. Надлежните велат дека цените на струјата пораснат од први јануари, но дека се прават напори поскапувањето да биде што побезболно за граѓаните. Регулаторната комисија прави анализи и укажува дека во време на енергетска криза решенијата треба да се моделираат во насока да се избегнат дополнителни оптоварувања врз граѓаните и да се заштитат ранливите категории. За конечната цена за струјата треба да пресече токму РКЕ, а одлуката ќе ја соопшти до петок, најдоцна на почетокот на идната недела, велат оттаму за ЦИВИЛ медиа. Одлуката најмногу ќе зависи токму…
Гувернерката на Народната банка на Северна Македонија, Анита Ангеловска Бежоска, оцени дека иницијативата Отворен Балкан веќе дава резултати бидејќи трговската размена меѓу Србија и Северна Македонија годинава се зголемила за 20 отсто, јави дописникот на МИА од Белград. „Ефект може да има и напорите за поврзување на пазарот на трудот во услови кога сите три земји се соочуваат со намалување на работоспособното население. Зголемената интеграција може да ги направи економиите поконкурентни и поатрактивни за директни странски инвестиции“, заклучи гувернерката на НБСМ во интервју за белградски „Вечерње новости“. Таа оцени дека НБРСМ има добра соработка со Народната банка на Србија и…
Во тестаментот на Конески е пораката да продолжиме да пишуваме на македонски јазик, вели меѓудругото во разговорот универзитетската професорка Весна Мојсова Чепишевска на денот кога се навршува 101 година од раѓањето на Блаже Конески. „Пораката да продолжиме да пишуваме на македонски јазик е една од оние што Конески ни ги остави како тестамент. Тој ни укажа дека нема мали и големи јазици и големи и мали култури. Многумина му го поставуваа прашањето зошто не пишува на англиски, руски или германски. Но Конески сметал дека е одговорен и повикан да пишува на македонски, бидејќи не може и не смее да ја…
Договорот за ограничување на цената на гасот во Европската унија е на дофат, изјави денеска комесарката за енергетска политика на Унијата Кадри Симсон. „Цврсто верувам дека договорот е на дофат. Се разбира, тоа бара многу силен дух на компромис од сите“, рече Симсон по пристигнувањето во Брисел на состанокот на министрите за енергетика на земјите-членки на ЕУ, кои треба да се договорат за ограничување на цената на гасот. Грчкиот министер за енергетика Костас Скрекас оцени дека последниот нацрт на предлогот за ограничување на цената на гасот, според кој ќе се активира лимитот доколку пазарните цени надминат 188 евра за мегават-час три дена…