Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос ја процени веројатноста Зинедин Зидан да ја води француската репрезентацијата.

„Мислам дека Зидан не само што ќе биде добар наследник на Дешам, туку во принцип и најдобар можен. Прашањето е само што сака Дешам. Мислам дека шансите Зидан да биде назначен се 70:30“, изјави Крос на „MagentaTV“.

Сегашниот селектор Дешам ја предводи француската репрезентација од 2012 година.

Актуелниот договор на 54-годишниот Французин истекува на крајот на декември 2022 година.

На Светското првенство 2022 година, Франција загуби од Аргентина во финалето по изведување пенали (3:3, 2:4).